Добивај вести на Viber
Изминатите неколку денови често се споменува предлогот на ДУИ, претседателот на државата да се бира во Собранието.
Оваа нивна идеја наиде на лавина реакции од стручната јавност, меѓу кои се огласи и професорката Тања Каракамишева.
„Кај УЦЕНУВАЧИ уште и тотални политички аналфабети.
Не прават разлика меѓу ОБЛИК НА ВЛАДЕЕЊЕ и СИСТЕМ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТ.
Второ, замислете македонските партии да ја прифатат политиката на уцени на ДУИ и другите албански партии и постојано да условуваат и испорачуваат чисто етнички предлози!
Не се води така политика!“ напиша таа на Фејсбук.