„ЗАМИСЛИ ДА РАБОТИШ ЦЕЛ МЕСЕЦ, А ИМАШ ПАРИ САМО ЗА ПУКАНКИ“: Стефан ги посочи најниско платените работни места, некои не ја достигнуваат ни минималната плата
Објавено во: Финансии, Балкан 12 Март, 2024 06:20
Многумина од Балканот се борат да најдат работа со повисоки примања, да заминат во странство и да изградат нов живот далеку од својата татковина. Сепак, има и такви кои одлучуваат да останат во своите татковини и да работат за минимална плата.
Таков е случајот со Стефан кој одлучил да остане да работи во Србија за минимална месечна плата, која е само 40.000 динари, односно, 20.000 денари.
- Замислете дека работите еден месец, а имате пари само за пуканки. Ова се трите најниско платени работни места во Србија, а нивната заработка е запрепастувачка - вели Стефан во своето видео на TikTok.
Како што посочува, на трето место се продавачите во продавниците, секојдневно не опслужуваат за само 45.000 динари месечно (22.500 денари)
Второто најслабо платено работно место е телефонскиот оператор. Тие секојдневно ги слушаат поплаките и проблемите на луѓето за само 43.000 динари (21.500 денари).
- За жал, чистачите на улици се на прво место. Овие вистински борци против нечистотијата и загадувањето заработуваат само 40.000 динари (20.000 денари) месечно - заклучува Стефан.
Можеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




