29 Април, 2024
0.0262

Земјоделство 2014: Најмногу пари за наводнување и субвенции

Објавено во: Агробизнис, Анализа 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Според Предлог Буџетот за следната година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе има на располагање околу 18,9 милиони евра, помалку од годинешните 19,4 милиони евра.  Близу 6 милиони евра се заеми , 400.000 евра дотаоции, а остатокот 17,2 милиони евра се пари од основниот Буџет. Главните капитални расходи во 2014 година се од областа на водостопанството, поточно ќе бидат наменети за инвестиции во хидроситемите Зелтовица, Лисиче и Програмата за наводнување на Јужна Долина на Вардар.  По ставки, следната година според планот во Предлог Буџетот, министерството за земјоделство за администрацијата има предвидено 1,4 милиони евра. За шумарството е предвидено да се потрошат околу 3 милиони евра. Близу 4 милиони евра следната година се планирани за земјоделство и рурален развој. Еве дел од останатите ставки за кои се предвидени пари со Предлог Буџетот за 2014 година. Хидросистем Злетовица Најголем дел од парите Министерствот за земјоделство следната година ќе потроши за хидросистемот Злетовица, вкупно 7,5 милиони евра , од нив 7,1 милион евра од основниот буџет и 400.000 евра од донации. Во образложенитето во Предлог Буџетот стои дека основна и приоритетна намена на ХС Злетовица е долгорочно решавање на проблемот со водоснабдување на 100.000 жители во североисточниот дел на Македонија прва фаза, а додека со останатите фази ќе се реши и проблемот со наводнување (втора фаза) и производството на електрична енергија (трета фаза). Во развојниот дел од Предлог буџетот во  2015 година за Злетовица се предвидени 7,6 милиони евра, а во 2016 година 7,2 милиони евра. Програма за наводнување на Јужна Долина на Вардар Според Предлог Буџетот за 2014 година, за Програма за наводнување на Јужна Долина на Вардар се обезбедени близу 1,6 милиони евра, од нив 792.840 евра се од основниот буџет, а  797.528 евра од заем. Пари за оваа инвестиција се предвидени и за 2015 и 2016 година. -Специфична цел на програмата е зголемена продуктивност и одржлив развој на земјоделското производство во овој регион. Првата фаза од проектот заврши во текот на 2011 година. Втората фаза на овој проект ќе се финансира со заем од KfW и ќе опфаќа рехабилитација и модернизација на системите за наводнување, како и проширување на постоечките и нови системи за наводнување и тоа: Миравци, Негорци/Прдејци, Гевгелија, Грчиште, Паљурци, Кованци и Валандово. Стои во образложението во Предлог Буџетот.  Хидросистем Лисиче  Околу 102 илјади евра следната година ќе се инвестираат во хидросистемот Лисиче. Според Предлог Буџетот 2014 година сите пари ќе се обезбедта ос основниот Буџет на министерството. Во развојниот дел од Буџетот на ХС Лисиче за 2015 година се предвидени близу 270 илјади евра, а за 2016 година 452 илјади евра. Во образложението се објаснува дека Хидромелиоративниот систем "Лисиче" е повеќенаменски објект за водоснабдување на населението во градот Велес,водоснабдување на околните села што гравитираат на системот, снабдување на индустријата со технолошка вода, наводнување на плодна земјоделска површина, ревитализација на езерото "Младост", обезбедување на биолошки минимум на реката "Тополка" и подобрување на микроклимата во регионот. Приоритетна е изградбата на доводниот цевковод до езерото Младост, со што ќе се овозможат услови за наводнување на површините на левата страна на реката Вардар како и ревитализација и развојна перспектива на езерото Младост. Еве со колку пари ќе располагаат и каде ќе ги насочат следната година дел од институциите за земјоделство, кои во Предлог буџетот и имаат посебни вкупни буџети. За Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството –Битола, со Предлог Буџетот за 2014 година се обезбедени нешто повеќе од еден милион евра. Управата за хидрометеролошки работи во 2014 година има н арасполагање 1,6 милиони евра.  Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој И следната година во земјоделството најмногу пари ќе се одвојат за субвенции за земјоделците. Во 2014 година според Предлог Буџетот, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството ќе има на располагање над 140 милиони евра. Најголемиот дел нешто повеќе од 136 милиони евра се предвидени за субвенции во земјоделството и рурланиот развој . Во буџетот на Агенцијата речиси 1,4 милиони евра се предвидени за администрација. Како приоритет се издвојува финансиската поддршка за  рурален развој за што следната година се планирани 26 милиони евра.
Програмата за рурален развој има за цел поддршка на инвестициите во земјоделството и руралните средини во Македонија. Преку неа ќе се финансираат проекти од областа на земјоделството по принципот 50% грант и 50% учество на корисникот на финансиската поддршка. Проектите ќе бидат насочени кон: инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства, инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи, инвестиции за унапредување на човечкиот потенцијал на земјоделските производители,  инвестиции за производство и користење на обновливи енергии во рурални средини и инвестиции за рурална инфраструктура и развој на рурален туризам, се вели во образложението во Предлог Буџетот.
Агенција храна и ветеринарство  Во 2014 година Агенцијата за храна и ветеринарство ќе има на располагање нешто повеќе од 6,5 милиони евра. Најголем дел од парите ќе бидат наменети за ветеринарно-здрваствена заштита речиси 2,5 милиони евра, потоа за безбедност на харана над 700 илјади евра,интеграција во Европска унија, набавка на опрема и машини, изградба на градежни објекти. Приоритет на АХВ следната година ќе зајакнување на капацитети и доуслогласување со европското законодавство. Над половина милион евра се планирани за “Помош при транзиција и институционална надградба”. Како се образложува:
 Програмата има за цел да обезбеди техничка и материјална помош за Агенцијата за храна и ветеринарство со цел подобрување на целокупниот капацитет за спроведување на законодавството на ЕУ и обврските од Претпристапното пратнерство, со посебен осврт на нејзината способност за транспозиција и спроведување на Европското законодавство во националното, правилна имплементација од страна на инспекциските служби, контрола на здравствената заштита на животните, управување и организирање на нештетното отстранување на отпадот од животинско потекло и надградба на системот за идентификација и регистрација на животните со вклучување на систем за идентификација и регистрација на животните од видот свињи.
Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?