ЗАПИРААТ НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА ВО ГЕРМАНИЈА: Намалено производство, помал број на работници
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2023 17:42
Германските
компании се повнимателни кога вработуваат нови работници, покажува најновото
истражување објавено на веб-страницата на Институтот за економски истражувања
ИФО од Минхен.
Индексот IFO, кој ја мери подготвеноста на компаниите да вработуваат, падна на 95,8 поени во септември од 97,0 поени во август.
– Запре големиот раст на вработувањата на нови работници во Германија, кој беше забележан во последните неколку месеци, изјави шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волрабе.
Тој додаде дека поради недостигот на нарачки, многу компании се прилично внимателни при пополнувањето на испразнетите позиции и, според него, промена треба да се очекува само кога германската економија ќе закрепне.
Многу компании планираат да се задоволат со помал број вработени поради немањето нарачки, што важи и за производниот сектор и за трговскиот и градежниот сектор.
И услужниот сектор во моментов го губи здивот на пазарот на трудот, покажува истражувањето.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




