05 Декември, 2025
0.1801

Запленетите акции на Мијалков повеќе од две години остануваат непродадени

Објавено во: Економија 05 Септември, 2025 08:50

Добивај вести на Viber

Запенетите акции и удели на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, по повеќе од две години остануваат непродадени од страна на Агенцијата за управување со одземен имот како нивен сегашен сопственик.

Новата независна ревизија за работењето на агенцијата за конфискување објави дека хартиите од вредност запленети од поранешниот шеф на тајната полиција во сметководството се уште се прикажуваат по нивната почетна номинална вредност, без да има нивно ново вреднување.

Во прикажаното, поголем дел од акциите на Халк банка и помал дел од акциите во Стопанска банка - Битола не биле во сопственост на Мијалков, а исто така ниту акциите што ги поседува Агенцијата за управување со одземен имот во АД Славија.

Ниту една од акциите кои што ги имаше Сашо Мијалков во неколку акционерски друштва, а кои што му беа одземени со одлука за спогодба со обвинителството во случајот „Империја“ и сега со нив располага Агенцијата за управување со одземен имот, не беа продадени на берзанската аукција која што се одржа во јули 2023 на Македонската берза.

Аукцијата беше организирана од страна на Агенцијата, која во посебен јавен оглас ги соопшти имињата на акционерските друштва, бројот на акциите, нивната номинална вредност и почетната цена по која што се нудеа, а улогата на Берзата се состоеше да ги извести брокерските друштва, односно учесниците на пазарот на капитал. Во петте дена колку што беше отворено наддавањето, не се реализира ниту една трансакција од оваа јавна аукција.

Први на објавениот оглас беа 533 обични акции на ТТК банка, а почетната цена по која се нудеа беше 1.380 денари за акција. Беа понудени и 50 обични акции во „Попова кула“ – Демир Капија, чија номинална вредност изнесува 3.075 денари. Најголем износ, дури 7.108 обични акции отпаѓа на хартиите од вредност во Стопанска банка  Битола, кои сочинуваат значајни 1,84 отсто во главнината на друштвото и чија номинална вредност е 21.639.000 денари, додека почетниот износ кој што се бараше на аукцијата беше 2.772 денари за акција. Од Халк банка имаше 1.113 обични акции, кои сочинуваат 0,53 отсто од главнината на друштвото, а почетната цена која што се бараше беше 10 илјади денари за една акција.

Од Мијалков биле одземени и 500 обични акции кои што ги имал во „Уготур“ АД Скопје, чија номинална вредност е 525 евра. потоа 744 обични акции издадени од Тутунски комбинат Прилеп, со номинална вредност од 38.040 евра. На аукцијата се најдоа и 592 акции издадени од РЖ „Услуги“ АД Скопје, за секја по 3.025 евра, Последни на списокот на Агенцијата се најдоа и 292 акции издадени од „Арцелормиттал Скопје (ХРМ)“ АД Скопје, чија номинална вредност е 1.492 евра.

А.К.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката