05 Декември, 2025
0.3444

Започна бербата и откупот на доматите од битолскиот дел на Пелагонија

Објавено во: Агробизнис 24 Септември, 2013 11:11

Добивај вести на Viber

Бербата на доматите од површните на ЗК „Пелагонија“-Битола и од површините на земјоделските производители кои се занимаваат со овој семеен агро-бизнис е во полн ек, информираат од најголемата компанија за откуп и преработка на индустриски домати „Ж.Радевски“-Битола.

Според Сашо Макриевски, ракводител на секторот за суровина, годинава во Пелагонија има исклучително квалитетен домат и големи приноси кои во целост ќе бидат откупени и преработени.

- Денеска нашата механизација, специјалните комбајни за берба на домати се на површините на ЗК „Пелагонија“ кои годинава оваа земјоделска култура ја одгледуваат на површина од 25 хектари, додека индивидуалните земјоделски производители од Пелагонија располагаат со околу 50 хектари со домати кои секојднево се собираат и прифаќаат во фабриката. Квалитетот на доматите и приносите од годинешната реколта се одлични и се собираат по 30 до 40 тони домати од хектар, истакна Макриевски.

На земјоделските површини од битолскиот дел на Пелагонија годинава, според Макриевски, најмногу се одгледуваат домати од сортите „кариока“, „хајнц“ и „агата“ кои во целост ќе бидат собрани најдоцна до 10. октомври, а потоа преработени во доматно пире

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?