Започнa Garage Sale со попусти до 70% во Трговскиот центар Рамстор
Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2017 09:26
Облека, накит, обувки, спортка опрема, бела техника. Се што ќе ви падне на памет и сето она што сте посакувале да го имате, сега може да го добиете по намалена цена со дури 70% попуст. Ова ви го овозможува Трговскиот центар Рамстор каде веќе петта година по ред ја организира својата веќе позната Garage Sale акција.

Водејќи се по принципот на големите попусти во најпознатите трговски центри насекаде низ светот, Рамстор за љубителите и шопинг зависниците ќе овозможи големо намаление на цените во сите продавници што се дел од трговскиот центар. Зимската распродажбазапочна денес и ќе трае до 12ти февруари, правејќи ги тие денови вистински предизвик за сите купувачи.

„Атрактивните намалувања на цените, како и генерално GarageSaleконцептот е настан на којшто и најпребирливите нема да можат да му одолеат. Успешноста на оваа акција од минатите години ни дозволува и ни дава поттик да продолжиме да се грижиме и секогаш да обезбедуваме најповолни услови и цени за нашите посетители“, изјави директорот на Трговскиот центарРамсторза развој и инвестиции, Џеладин Џули.

Со започнувањето на оваа Garage Sale акција, присуството и посетата во Рамстор мол е задолжителна за сите затоа што за време на оваа распродажба со сигурност секој ќе најде нешто за свој вкус по намалена цена.
Не го испуштајте она кое сакате да го имате и заслужува да биде ваше!
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




