Започна кампањата Movember на Златен Даб под мотото „На здравје, за машкото здравје!
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2025 13:07
По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје. Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – Аџибадем Систина и Жан Митрев, преку пополнување на формата објавена на следниот линк: www.zlatendab.mk/movember.
„Оваа сабота на 1 ноември, Златен Даб беше покровител на спортско искачување на планината Водно во соработка со планинарското друштво H2O и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, каде се дружевме со добра енергија, одлична музика и ладно пиво. Поводот беше симболично да го официјализираме почетокот на кампањата за машко здравје на Златен Даб - „На здравје, за машкото здравје!“ и приклучување кон „Мовембер“ глобалното движење посветено на машкото здравје, со цел да нè потсети дека редовните прегледи и превенцијата се најважни чекори за долгорочно здравје.“ – изјави Марјан Стоилов, Директор на сектор за продажба во Прилепска Пиварница.
Златен Даб ги повикува сите да се приклучат на кампањата и да направат чекор кон сопственото здравје, затоа што грижата за себе е доказ за вистинска одговорност.
Со секоја наредна година, Мовембер во организација на Прилепска Пиварница станува традиција и симбол на одговорност, храброст и заедништво.
На здравје, за машкото здравје!
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





