19 Мај, 2024
0.0314

Започна ,,Органскиот Базар”, изворот на здрава и органска храна

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Швајцарија долго време ја поддржува Македонија во целокупниот развој, а особено во развојот на економијата. Како дел од ова, ние сме горди што сме помеѓу првите поддржувачи на секторот за органска храна во Македонија, веќе 10 години.- изјави г-дин Стефан Лаѕарото, Амбасадор на Швајцарија во Македонија

Во текот на целата година што следи, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на Органскиот Базар. Станува збор за нова енергија и форма на дружење. Место за споделување на нова позитивна енергија,  вкрстување на патиштата на сите оние кои се поборници за здрав живот,  место каде што ќе има богата понуда на една единечна трпеза и за сечиј вкус, директно од органска градина.- изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити Мол

Денес и официјално се отвори Органскиот Базар во Скопје Сити Мол. Секој четврток,  почнувајќи денешниот ден, сите граѓани ќе може да ја збогатат својата трпеза со органска храна, купувајќи од Органскиот Базар.

Ова ќе биде локација на здравјето, место каде што ќе може да се купи здрава и органска храна. Сите производители и посетители на едно место. Хармонијата од природата пристигна и на трпезата и кошничката во секое семејство.

organski bazar 1

На денешното отворање на Органскиот Базар присуствуваа бројни јавни личности, новинари, организатори и поддржувачи на овој проект кој докажаа дека желбата и свеста за јадење на органски продукти е повеќе од голема. Швајцарскиот амбасадор во Македонија, г-дин Стефан Лаѕарото и официјално го прогласи Базарот за отворен, обраќајки се и поздравувајќи ги сите присутни.

Швајцарија долго време ја поддржува Македонија во целокупниот развој, а особено во развојот на економијата. Како дел од ова, ние сме горди што сме помеѓу првите поддржувачи на секторот за органска храна во Македонија, веќе 10 години. Јас би сакал најтопло да им честитам затоа што се иницијатори за организација на еден ваков Органски Базар, што верувам дека го унапредува целиот сектор за органска храна, а воедно и органската храна ја прави подостапна за Македонските потрошувачи.- изјави г-дин Стефан Лаѕарото, Амбасадор на Швајцарија во Македонија

organski bazar 3

Скопје Сити Мол како домаќини и организатори на Првиот Органски Базар кај нас, докажаа дека среќни се што можат да помогнат во подобрување на здравјето кај сите посетители и љубители на здравата храна.

Во текот на целата година што следи, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на Органскиот Базар. Станува збор за нова енергија и форма на дружење. Место за споделување на нова позитивна енергија,  вкрстување на патиштата на сите оние кои се поборници за здрав живот,  место каде што ќе има богата понуда на една единечна трпеза и за сечиј вкус, директно од органска градина. Во период на недостиг на органски производи, во Скопје Сити Мол ќе го најдете изворот на здравје. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да го купите во Скопје Сити Мол, секој четврток,од  10 до 22 часот, почнувајќи од денес, 21-ви мај. - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити Мол

organski bazar 2

Првиот Органски Базар е во организација на Скопје Сити Мол во партнерство со Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и Швајцарската Агенција за развој и Соработка, поддржано од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.

Од денес, сите производители на органска храна ќе бидат на едно место, со една и единствена цел, да ја доближат здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол, секој четврток,од  10 до 22 часот, почнувајќи од 21-ви мај. Влезот за Органски Базар во Скопје Сити Мол е од страната на ул. МАНАПО ( од страната на Карпош 3).

organski bazar 4

Целта на овој Органски Базаар е да се зголеми нивото на здрави луѓе кај нас. Ова е поттик за македонските производители да произведуваат органска храна, која ќе биде пласирана во Скопје Сити Мол.

Скопје Сити Мол е местото каде што здравјето има ново име- Органски Базар, многу енергија и здрави продукти на едно место.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст