Започна РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ! Илјадници нови работни места достапни веднаш!
Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2025 09:08
Најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот е отворен до 21 октомври. Достапен е 24 часа дневно, а посетителите можат да избираат меѓу бројни атрактивни и разновидни огласи за работа.
Со доаѓањето на есента и завршувањето на летните месеци, многумина ги преиспитуваат своите професионални цели и размислуваат за нови насоки во кариерата. Промената на годишното време често носи и желба за нов почеток, а сега е идеалната можност за тоа.
Започна 16-тиот Регионален саем за вработување – најголемиот онлајн настан што ги поврзува работодавачите и кандидатите во потрага по работа во Македонија и регионот.
Многу огласи за работа... на едно место! На mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com
Во текот на оваа недела, сè до 21 октомври, на виртуелниот саем се достапни повеќе од 700 различни огласи за работа од различни сектори, кои ги нудат околу 100-тина работодавачи. Саемот е отворен 24 часа дневно и може да се посети преку компјутер, таблет или мобилен телефон — од било кое место и во било кое време.
Саемот го организира Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud - Србија и MojPosao.ba - Босна и Херцеговина -сите дел од Алма Кариер групација
Едноставна пријава и можност за запознавање со работодавачите
На виртуелните штандови на работодавачите достапни се детални информации за компаниите, искуствата на вработените, како и за организациската култура и работната средина.
Кандидатите можат да се пријават на повеќе огласи истовремено, а првите разговори со потенцијалните работодавачи можат да се одвиваат преку чет или видео повик, што го прави процесот побрз и подостапен од кога било.
Понудата на саемот опфаќа широк спектар индустрии и професии, а работодавачите се поделени во четири главни категории: Трговија, Технологија, Финансии и Услуги, што им овозможува на посетителите полесно снаоѓање и побрзо пронаоѓање на можности што одговараат на нивните знаења, интереси и амбиции.
Оваа година, Регионалниот саем за вработување ги обединува бројни домашни и регионални компании, меѓу кои: Kromberg & Schubert, Gemak, Concentrix, Replek, Titan Usje, Transcom, Stopanska Banka, Amphenol, Fashion Group, Gerresheimer, ProCredit Banka, Neptun, Inditex, DM, Alkaloid, NLB, Lidl, Valamar Riviera d.d. (HRV), Maks Bet, Sarantis (SRB), Flex Credit, Sparkasse Bank, Tommy (HRV), Lactalis и многу други!
Посети го саемот до 21 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и пронајди ја својата прва, нова или едноставно – подобра работа!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





