27 Јули, 2024
0.2047

Започна со реализација проектот Малите алкалоидовци го истражуваат „Алкалоид“

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Децата на вработените во сегментот козметика во посета на светот на Becutan

„Алкалоид“ во својот развоен фокус ги има, пред сѐ, своите вработени и нивните семејства, а грижата за најмладите е клучен дел од алкалоидовата корпоративна култура. Во насока на зајакнување начувството за припадност на колективот и кај најмладите членови, „Алкалоид“ ги отвори вратите од своите производствени погони во сегментот козметика за децата на тамошните вработени, со цел непосредно запознавање со компанијата во која нивните родители го поминуваат своето работно секојдневие.

Овој настан, кој им овозможи на малите истражувачи да ги посетат одделенијата за развој, производство и за пакување на производите од портфолиото на Becutan на локалитетот Лафома, во присуство на своите родители, претставува еден од повеќето планирани кои ќе се организираат во рамките на проектот Малите алкалоидовци го истражуваат „Алкалоид“. Ваквото зближување на малите алкалоидовци со компанијата преку еден интересен, проактивен пристап и преку наменски конципирана едукација, во согласност со нивната возраст, им отвори еден целосно нов свет за истражување, кон кој пристапија со неверојатна љубопитност и желба за осознавање.

Организираните посети на малите алкалоидовци ќе станат традиција, а се очекува компанијата да ја посетат повеќе од 1.000 деца на вработените, на возраст од 3 до 18 години.


Покрај едукативниот дел, во чии рамки децата имаа можност од прва рака да ја осознаат работната средина на своите родители, настанот беше збогатен и со забавни содржини за запознавање и за меѓусебно дружење низ спорт и игра во организирани активности.

Човечките ресурси остануваат во развојниот фокус на „Алкалоид“ како едно од највредните капитални добра на алкалоидовата берза на вредности. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје