Започна со редовна работа Рудникот „Тораница“ во Крива Паланка
Се очекува полн капацитет со експлоатација во март, 2017 година.
Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2016 15:11
Со добивањето на дозволата за експлоатација на минерали и руди за Рудник „Тораница“, компанијата „Булмак 2016“ започна со ископ и преработка на олово-цинкова руда.

„Согласно тековните работи и ископот, има проценка дека рудникот ќе работи со полн капацитет во март, 2017 година.“ – изјави Проф. дтн. Инж. Николај Влканов, Претседател на Борд на Директори на „Минстрој Холдинг“ А.Д. „Ова ќе значи дека нашата компанија ќе има потреба од ново вработени рудари и персонал, соодветно со зголњмувањето на капацитетот при експлоатацијата на рудникот. Дополнително, покрај редовно вработените, ангажираме и ќе ангажираме во иднина добавувачи за друга опрема и материјали - потребни за непречено функционирање на рудниците.“

Моментално компанијата „Булмак 2016“ врши ископ на руда во двата рудника –
„Злетово“ и „Тораница“, како и преработка на истата во руден концентрат во двете
флотациони фабрики. Во моментот редовно се вработени 510 лица – инжинерски кадар,
технички персонал и рудари.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




