22 Октомври, 2024
0.6183

Започна судењето на Мерко за незаконско поставување директори

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска започна судското рочиште против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско поставување на директори во основното училиште „Гоце Делчев“ во село Подгорци.

Првообвинетиот рече дека разбира за што е обвинет, но додаде дека не се чуствува виновен бидејќи направил континуитет во работата на основните училишта.

Тој е обвинет за незаконско поставување на директори во основни училишта во селата Подгорци, Лабуништа и Велешта и во „Браќа Миладиновци“ во Струга. Три предмети се споени, додека за училиштето во Велешта се води посебен предмет оти има повеќе обвинети, кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.

Мерко се товари од Обвинителството за несовесно работење во службата. Исказ даваше Аден Ајдарсоски, кој три мандати директорувал во училиштето во Подгорци, но не исполнувал услови оти немал пет годишно работно искуство. Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци. Го известил директорот за неговото незаконско именување на функцијата, но не повел постапка.

„Ние имаме докази и тоа ќе го докажеме. Ќе докажеме дека се сторени такви кривични дела. Судот ќе одлучи колку ќе осуди, тоа ќе го видеме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд“, вели Џемал Лога, јавен обвинител од Струга.


Можеби ќе ве интересира

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ