Започна судењето на Силвана Бонева за патните трошоци: Имам 6.967 докази и 28 сведоци
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2020
Денес започна судскиот процес што го води обвинителството против Силвана Бонева за фамозното фиктивно прикажување на патните трошоци како поранешна пратеничка. Таа го отфрла обвинението како невистинито и паушално.
„Во овој судски процес со приложените 6967 докази и 28 сведоци, ќе докажам и пред судот и пред јавноста дека обвинението поднесено против мене е невистинито и паушално, исто како што беа и големите лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, големата лага дека сум купила станови со криминални пари и медиумскиот линч што со години беше спроведуван врз мене, врз основа на тие лаги“, напиша Бонева на Фејсбук.
Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и извршувач на неколку други функции додава дека поднела и претставка до Народниот правобранител, кој врз основа на приложената документација, покренал постапка, како што вели таа, за заштита на нејзините права .
„Исто така ги информирав и Делегацијата на ЕУ, Mисијата на ОБСЕ, повеќе амбасади и Коалицијата Сите за правично судење и побарав од нив да го следат судскиот процес. Досега добив одговор од Делегацијата на ЕУ, Mисијата на ОБСЕ и Коалицијата Сите за правично судење дека ќе го следат случајот од аспект на почитување на законите и правото на фер и правично судење. Борбата за правдата и вистината продолжува!“, објави Бонева.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.