Започна судењето за „Меѓународен сојуз“, Рускоска вели дека Боки 13 немал намера да им ги врати парите на бизнисмените
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2020
Денеска стартуваше судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“, а Вилма Рускоска, обвинителката за организиран криминал и корупција, пред Основниот кривичен суд во воведен збор рече дека има несоборливи докази дека обвинетиот Бојан Јовановски преку оваа организација изнудил милион евра од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски.
Според Рускоска, Боки 13 со помош на уште тројцата обвинети - Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и татко му Миле Јовановски тие пари успеал да ги испере, откако на сопствениците на „Пелистер“ и „Дрим Билдинг“ лажно им прикажал факти дека ќе гради европски центар за згрижување на возрасни лица. Никој од обвинетите не призна вина, сите се изјаснија дека не се виновни.
„Второобвинетата Ерцеговиќ (Јасна Мандиќ) , откако првообвинетиот ќе ѝ дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со Јовановски“, рече Рускоска и додаде дека Јовановски откако со измама ги зел парите потоа немал намера да ги врати, иако не постоел никаков проект.
Според Рускоска, Миле Јовановски со позајмица од 226.550 евра префрлил на ‘БМЈ груп’, а човекот од 1991 година е невработен. додека Мандиќ на ‘БМЈ груп’ и на 1ТВ, пак, префрлила 240.000 евра без никакво покритие. Ременски тука служела со својот авторитет да бидат полесно убедени бизнисмените и да стекнат доверба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.