18 Декември, 2025
0.0663

Започнува дискусија на распределбата на имигрантите во ЕУ

Објавено во: Свет 16 Јуни, 2015 09:42

Добивај вести на Viber

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија ги започнуваат преговорите за мерките за справување со имигрантскиот поток, поттикнати пред сè од илјадниците мигранти кои се обидуваат да дојдат до некој нов континент по опасен и премногу често смртоносниот пат низ Медитеранот.

Притисокот и копнената граница на Европа не е помал, што се однесува токму и нашата земја - Македонија.

Клучен фактор во темата на разговорите во Луксембург ќе биде планот за рамномерно распределување на мигрантите меѓу 28-те земји во ЕУ.

Мерката била предложена од Европската комисија во одговор на кризата со прилив на африкански имигранти во Средоземното Море.

Еврокомисијата сака да ги принуди земјите-членки солидарно да го преземат товарот на миграционите притисоци.

Идејата е да се распределат на задолжителен принцип 40 илјади сириски кандидати за азил, кои веќе пристигнале во Италија и Грција. Уште 20 илјади треба да бидат прифатени на доброволна основа, повторно преку квоти.

Велика Британија, Данска и Ирска нема да учествуваат, бидејќи уживаат со исклучок од правилата на Шенген. Останатите 25 земји треба да го гласаат предлогот со квалификувано мнозинство на министрите за внатрешни работи.

Формулата за распределба на бегалците вклучува критериуми според бројот население, бројот на барања за азил во последните 2 години, БДП и раст на невработеноста.

Според нив во Бугарија би требало да се сместат 572 бегалци од Италија и Грција, а долгорочната шема за доброволен прием - уште 216 лица надвор од Европа, наведени од Агенцијата на ОН за бегалци.

Во моментов подложени на повеќето сериозен притисок од земјите од Европа се Италија, Грција и Малта.

Повеќето мигранти од Африка и земјите од Блискиот Исток пристигнуваат во Средоземното Море токму во овие земји. Само за оваа година регистрирани мигранти низ морските води се 1800.

Некои од земјите во Унијата, како Германија на пример, веќе изразија согласност да примат повеќе емигранти. Други земји, од Северна и Источна Европа велат дека мигрантите не треба да бидат раселувани меѓу нивното населиле во државите кои не се одбрува.

Од своја страна, италијанскиот премиер Матео Рензо изјавил дека Италија ќе ги преземе едностраните мерки по бегалската криза, ако не биде потпомогната од другите земји. Ултиматумот дојде по одлуката на Франција да се врати назад како кандидат за азил од границата со Италија, што предизвика протести меѓу мигрантите.

Франција сепак ја мотивира одлуката со европските одредби по прашањето за кои Италија смета дека се неприменливи предвид рекордниот бегалски поток.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина