05 Декември, 2025
0.0279

Започнува исплатата за штетите од 2017, денеска исплатени 85 милиони денари за Ресен

Објавено во: Агробизнис 26 Април, 2018 13:19

Добивај вести на Viber

Од денеска започна исплатата на обештетувањата од временските непогоди што се случија во 2017 година. Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати близу 85 милиони денари по основ на  обештетувања за 2.355 земјоделци во Ресен, како регион каде што имаше најголеми штети. Исплатата ќе продолжи континуирано во следните денови и за останатите региони кои беа погодени од временските непогоди во 2017 година.

Со исплатата ќе бидат опфатени сите 17.500 баратели кои претрпеле загуби во текот на сите пет временски непогоди што се случија минатата година и од сите региони кои беа зафатени со временските непогоди.  Вкупната сума која што ќе се исплати по основ на претрпени загуби од петте временските непогоди е во износ од над 4 милиони евра.

Станува збор за временските непогоди што се случија во  април, две временски непогоди  во јуни, јули и  септември 2017 година, проследени со обилни дождови, пороен дожд, силен ветер, електрични празнења, град. Со временските непогоди беа зафатени вкупно 36 општини.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?