03 Јули, 2024
0.0286

Започнува масовна акција за пошумување на 36 локации низ Македонија

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни комапнии и граѓански организации ја најавија акцијата „Пошумуваме заедно 2023“ со засадување на 1.200.000 садници.

„Еден милион и двеста илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, која започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.“, истакна  Николовски.

Шукова најави дека како подршка на годинашното пошумување и зазеленување на нашата држава Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со УНЕП ќе спроведе мерки за реставрација или уредување на деградирани земјишта и голини преку пошумување на површина од 400ха и преку спроведување на мерки за одржливо управување со земјиште и одржливо управување со шуми на повеќе од 15.000хектари.

„Решавањето на проблемите со глобалното затоплување и секвестрација на јаглеродот, ефектот на стаклена градина е значаен фактор за сегашната климатска криза. На почетокот на 21 век интересот за пошумување израсна над неговиот потенцијал. Видот на садниците со кои ќе се пошумува на површините е одреден од нашите стручни лица земајќи ги во предвид природните, почвените и еколошките карактеристики на површините“, истакна директорот Груевски.

Министерот додаде дека за голема почит фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучиле кон оваа акција за пошумување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови