Започнува нов бизнис со електрична енергија во Македонија, виртуелните производители ќе продаваат струја
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022 07:45
Од почетокот на оваа и од крајот на минатата недела со работа започнаа виртуелните производители на електрична енергија во земјата, откако операторот на пазарот МЕМО ги запиша првите учесници во регистерот.
РЕС, ЕВН Електроснабдување, ЕДС и Мист Енерџи Еко се компаниите кои отсега ќе може да купуваат електрична енергија од сите производители на струја од обновливи извори (сонце, вода, ветер и биогас) и интегрирано да ја продаваат по стабилна цена на крајните потрошувачи, кои најчесто би биле компании.
Со впишувањето во регистарот на националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО, според новите правила, виртуелните производители можат да ги остварат првите трансакции.
- Тоа е нов и добар бизнис концепт со кој овие виртуелни производители ќе купуваат електрична енергија од производителите на електрична енергија од обновливи извори на енергија, кои во овој случај сега не мора да имаат лиценца, и потоа интегрирано од еден центар ќе ја продаваат на крајни потрошувачи, ни изјави добар познавач од бизнисот кој сакаше да остане анонимен во случајов.
Според правилата на пазарот на електрична енергија, овие компании треба да понудат поголеми количини на струја од обновливи извори, со постабилни цени и да бидат еден вид на интегратори. Ќе можат да гарантираат балансна стабилност, нудејќи им на сите сопственици на производни капацитети најдобар и најсигурен откуп на електрична енергија.
Ќе може да понудат повеќе поволности како за крајните потрошувачи, така и за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Ќе ги интегрираат производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој што ќе обезбеди стабилно снабдување за македонските компании.
„Виртуелен производител, согласно Закон за енергетика, може на пазарот на електрична енергија да ги претставува производителите коишто се приклучени на електродистрибутивната мрежа. Производителите коишто ќе сакаат да бидат застапувани од виртуелниот производител нема да може да бидат учесници на пазарот на електрична енергија, односно ќе треба да го раскинат договорот за учество на пазарот на електрична енергија. Понатаму, виртуелниот производител комерцијално и технички ќе ги интегрира производителите и за нивно име и сметка ќе ја продава електричната енергија на пазарот“, се вели во дефиницијата на правилата.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




