26 Јуни, 2024
0.3253

Започнува судењето на Стаменковски, сопственикот на „Доказ М“

Објавено во: Македонија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против sопственикот на веб-порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари.

Oбвинетиот се товари дека преку неговиот веб порталот  сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Во меѓувреме тој доби нови 30 дена притвор. Во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Стаменковски ќе остане до втората половина на март.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот. Пријавите се од две новинарки и еден владика.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а судењето е насрочено во 10 часот во судница десет.

– Предметот бил оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост – информира претходно ОЈО Скопје.

Веќе е објавено дека преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост.


Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“