23 Ноември, 2024
0.0299

Запознајте го Карстен Броих, Германец кој отвори компанија во Македонија - Тука имам огромна поддршка

Објавено во: Економија, Интервјуа 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на проблеми со перспективата на младите, на претприемачите кои имаат идеи но, немаат доволно поддршка за развој на идеите и на квалитетните кадри кои шансите ги гледаат некаде надвор од Македонија, многу позитивен пример на обратен процес е тој на Карстен Броих, претприемач роден во Германија, кој се образувал и работел насекаде на светот, за сега да работи и живее тука развивајќи ја сопствената компанија. Брох идејата ја основање на бизнис во Македонија ја добива сосема случајно. Со пријателите решиле да поминат еден викенд во Скопје за ергенска забава од каде всушност и започнале првите разговори за идејата зошто да не отвори компанија токму тука. Сега Броих е заљубен во Македонија и веќе четири години успешно го развива бизнисот со компанијата Sales.Rocks, компанија која нуди иновации за автоматизација на продажните процеси со пристап до огромна база на податоци со директни контакти и канали на маркетинг. Броих вели дека Скопје може да биде технолошки хаб за претприемачи од Западна Европа, лесно е да се започне бизнис, но потребно е елиминирање на папирологијата и воведување на дигитални административни услуги.

Фактор: Може да ни кажеш нешто повеќе за твојата позадина и искуство, роден си во Германија, но си работел и студирал низ повеќе земји во светот, а сега си тука во Македонија. Како ова искуство влијаеше за формирање на твојот размислување како иноватор и претприемач?


Броих: Моето патување започна во едно мало село во Германија, поминав одредено време во Австралија каде што студирав. Потоа продолжив во Холандија каде бев дел и од студентската организација „БЕСТ“, имав можност неколку пати да ја посетам Македонија и изградив конекции со луѓето. Со самиот раст на компанијата размислував каде да го отворам вториот хаб, и веднаш Македонија ми дојде на памет. Тука луѓето совршено го користат англискиот јазик, многу се отворени за соработка, има добри конекции со летови, иста временска зона. Рака на срце имав и многу пријатели тука кои ми помогнаа да ја поставам компанијата во Македонија пред четири години. Започнавме да користиме заеднички простор во коворкинг центар, најпрво со само двајца вработени, а како што растеше платниот список, практично го „запоседнавме“ цел простор во Ко-офис. Во изминатите четири години се функционираше одлично и решив да се преселам во Македонија, имам огромна поддршка и уживам во животот тука.

Фактор: Ја основавте компанијата Sales.Rocks тука во Скопје, што беше идејата зад самата компанија и како стартап еко-системот ви помогна подобро да го развиете концептот да добие конкретна форма, да најдете луѓе кои ќе се приклучат на тимот и да настапите на пазарот?

Броих: Тоа е одлично прашање. Пред 10 години ја основав Sample Solutions, многу брзо се развививме од нула до седум цифри, и тоа што го развивавме беше како да понудиме автоматизација на процесот на продажба, од каде да ги обезбедиме податоците. Затоа помисливме дека тоа што го создадовме со Sample Solutions може да го реплицираме и со друга компанија. Моментот на потреба од информации, контакти и мрежи на продажба и истите да ги имате во вистинско време на едно место видовме дека е многу потребен тука во Македонија. Повеќето бизниси кои соработуваат со Западна Европа и Северна Америка имаат вистински потешкотии да ги најдат вистинските контакти. Тие развиваат продукти за овие пазари и потребен им е директен контакт за да остварат продажба.

Фактор: Во почетните фази на Sales Rocks лансирањето го направивте преку платформата за собирање инвестиции Product Hunt. Какво беше целото искуство за вас, што научивте во процесот и што би им порачале на македонските претприемачи и стартапи кои сакаат својот продукт да го лансираат преку Product Hunt?

Броих: Кога настапивме на Product Hunt нашиот производ се уште беше во фаза на тестирање и далеку од совршен. Product Hunt не треба да се гледа единствено како место на кое вашата идеја ќе стане вирална и ќе заработи многу пари. Предноста на оваа платформа е што е популарна кај корисници кои сакаат први да ги тестираат новите технологии. Кога работите на еден продукт и го развивате со вашиот тим често сте затворени во својот свет. Затоа добро е да добиете различни мислења и оценки, да слушнете предложи од корисници од земји ширим светот со своја перспектива за производот.

Фактор: Кај нас вообичаено е да имаме одлив на квалитетен високообразуван кадар со компетенции, но со тебе имаме еден обратен процес, односно талент од странство да пристигне во Македонија. Кое е твоето размислување за динамиката на пазарот на труд, дали македонските компании од ИТ и другите индустрии треба да направат повеќе за да ги задржат квалитетните кадри и што треба да направиме во стартап сферата?

Броих: Ова е навистина комплицирано да се одговори. Во Холандија додека студирав имав колеги од Македонија кои останаа таму и започнаа кариери, јас пак обратно дојдов тука да живеам и работам. Многу често се говори за разликата во плати, но ако ја земеме ИТ индустријата во Македонија ќе видиме дека нема големи разлики во примањата, особено со давачките кон државата и останатите трошоци, на пример ако направите споредба со повеќе земји од ЕУ даноците се многу повисоки, па така основниот приход не се разликува премногу. Затоа ако одите само за платата ќе видите дека разликата и не е голема.

Друго е прашањето за тоа кои компании ги имате околу вас, поважен е самиот екосистем, заедницата која треба да биде столб за поддршка, луѓето кои ги прават конекциите. Холандија е можеби поголема земја во тој смисол, има поголем избор, но потешко е да направите потесен круг на контакти во заедницата како во Македонија. Предност е и што компаниите во Македонија кои имаат странски сопственици исто така често се присутни тука, може да се разменат искуства и информации, затоа Скопје е одличен хаб за нетворкинг.

Во поглед на младите луѓе разбирливо е да сакаат да ги реализираат сите свои замисли и амбиции, секако тука може многу лесно да отворат компанија, но кога ќе помислам на регулативата, потребата од документи и потврди во хартиена и физичка форма, на недостигот на дигитализација.Овие недостатоци мора да се подобрат со што ќе се подобри климата за водење на бизнис и ќе се создадат повеќе можности.

Фактор: Кое беше вашето најголемо изненадување или шок од култулорошки аспект или од аспект на водење бизнис во Македонија. Има ли интересни приказни, кои се добрите и лошите страни за вас?

Брох: За човек кој доаѓа од Западна Европа морам да признаам дека досега третманот е одличен. Во поглед на законската рамка има многу сличности со усогласеноста со евроопските регулативи. Различно е  тоа што не може да избегнете од папирологијата, да обезбедите печати и такси, нема примена на PayPay и други модерни сервиси. Тоа ако се промени ќе биде многу подобро за претприемачите и мислам дека ќе има голем напредок во наредните години за примена на дигитални потписи и слични промени. Од мое лично искуство досега не сум видел многу големи разлики и затоа ми беше многу лесно да се прилагодам тука.


Фактор: Го гледате ли Скопје како атрактивен стартап град кој полека се развива, може тешко е и далеку е да се спореди со многу поразвиени стартап еко-системи, но да започнеме од рамките на Западен Балкан. Које патоказот кој треба да го следиме за Скопје да стане многу поуспешен во поддршка на развојот на иновациите и стартапите?

Брох: Скопје може да биде хаб за земјите од Западна Европа и тоа е одлична можност. За квалитетните кадри има два избора, едниот е поризичен, а тоа е да се основа сопствен стартап, да се работи на развој на иновација и квалитетен продукт, а од друга страна помалку ризично е да се најде добро платена работа во ИТ outsorcing индустријата или пак да се работи од тука за странска компанија што во однос на примањата е привлечно. Ваквиот дисбаланс може да застане на патот на иновациите ако нема доволно развиени сопствени идеи и решенија кои може да бидат компетитивни на глобално ниво.


Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria