19 Декември, 2025
0.1185

Заработете тргувајќи со цената на нафтата преку интернет!

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2014 08:28

Добивај вести на Viber

Пазарот на стоки, а со тоа и нафтата има огромно влијание на глобалната но и на регионалната економија. Големата зависност на глобалната економија од сирова нафта во изминатиот период ја направи оваа сировина многу битна ако не и најбитна во споредба со останатите стоки со кои се тргува.    Доколку сакате да се испробате и да заработите тргувајќи со цената на сировата нафта на светскиот пазар по пат на интернет, FXLider на сите читатели на  Фактор им поклонува 50 долари како почетен капитал. ПРИЈАВЕТЕ СЕ ОВДЕ Најголемите светски произведувачи на нафта се Соединетите Американски Држави, Саудиска Арабија и Русија додека најголеми потрошувачи на нафта се САД  и Кина како две најголеми светски економии. Моментално околу  62%  од глобалните достапни извори на нафта се наоѓаат на Блискиот Исток и се концентрирани во пет земји: Саудиска Арабија, Соединетите Арапски Емирати, Катар, Ирак и Кувајт. Како што вели М-р Никола Димков, Сениор Експерт во FXLider, факт е дека како резултат на  војната во Ирак во значајна мера се намали производството во оваа земја во последните неколку години. Од друга страна и ситуацијата во Иран каде што сеуште се на сила санкциите поради нуклеарната програма како и нестабилната ситуација во Либија, влијаат врз глобалната понуда на овој енергенс. ’Историски гледано цената на сировата нафта покажа најголем раст токму во периодот кога понудата од земјите на Блискиот Исток и Северна Америка беше загрозена.  За време на војната во Либија во  2011 година цената достигна рекордни  114,50 долари по барел  при што после кризата се спушти на  74.80 долари по барел.  Наредниот голем раст на цената се случи во почетокот на  2012 година поради кризата околу нуклеарната програма во Иран и воведувањето на санкциите од страна на западните земји, што секако драстично се одрази и на испораката на нафта од оваа земја. Тогаш цената достигна 110,45 долари по барел. Следниот драстичен скок се случи во текот на конфиктите во Сирија кога цената достигна  112,18 долари по барел. Сеуште актуелната криза во Украина и понатаму ја држи цена на околу  100 долари по барел. Доколку дојде до понатамошна ескалација на конфликтите кои би имплицирале нови санкции кон Русија, можно е цената да продолжи да расте  ’, вели М-р Никола Димков, Сениор Експерт во FXLider. Русија е моментално најголемиот светски произведувач на нафта, а после неа следат Саудиска Арабија и САД.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза