15 Декември, 2025
0.0353

„ЗАРАДИ СДС ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА РАСТЕ-БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Левица со серија нови обвинувања кон власта

Објавено во: Економија 29 Мај, 2023 07:19

Добивај вести на Viber

Левица со нови обвинувања кон власта.

„ Пд 1-ви јули, СДС најавува покачување на стапката на ДДВ за струја од 10% на 18% и според неа, стапката постепено ќе се зголемува, иако е сè поизвесно дека ова ќе биде нагло покачување за 8%. Со ова ќе заврши примената на повластената стапка на ДДВ како мерка која се донесе за да се влијае на намалување на сметките за струја за домаќинствата во услови кога цените на берзите енормно се зголемија.

 Енергетските компании доставуваат пресметки за трошоците до РКЕ, кои се потребни за формирање на новите цени на струјата во тарифните блокови, од кои одлучувачка ќе биде понудената цена од страна на ЕСМ кон ЕВН Хоме по објавен тендер, за која наводно РКЕ не може да влијание. Ова би значело дополнително зголемување на цената на електричната енергија, со што враќањето на евтината тарифа нема да го ублажи ценовниот шок и граѓаните ќе плаќаат поскапа струја.

Според финансиските извештаи, поголемиот дел од енергетските компании заработија повисоки профити од претходните години и покрај зголемените трошоци, приходите се значително поголеми. ЕСМ ја заврши 2022 година со 40,88 милиони евра добивка. Платите во енергетскиот сектор се повисоки од просечната за 24% и во март оваа година просечната исплатена нето-плата во овој сектор изнесува 43.316 денари.

Битиќи и покрај најавеното покачување тврди дека одлуките ќе бидат во полза на граѓаните, иако е јасно дека народот ќе плаќа многу повисоки сметки за струја, во услови кога стапката на инфлација и понатаму е двоцифрена, а платите на поголемиот дел од вработените се далеку пониски од просечната. Власта единствено се грижи за благосостојбата на функционерите и нејзините одлуки се во функција на олигарсите, на сметка на осиромашениот народ.

Намерата на власта е премногу очигледна, ќе испровоцираат реакции за покачување, за потоа да компензираат со тарифите на енергетските компании. Сето тоа е вештачки и еден ден балонот ќе пукне!

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност