Заразени лекари и медицински сестри вкупно 52, кажа Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Април, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче, информирајќи за последната состојба со коронавирусот во земјава истакна дека речиси 10 проценти од заразените се здравствени работници.
-Секаде во Светот, така и кај нас, има заболени здравствени работници. Вкупната бројка е 52-јца, од кои дури 34 се заразени во болнички и амбулантски услови Тоа се луѓе кои секојдневно се во непосреден контакт со заболените, информира министерот Филипче.
Тој потсети дека во кумановската болница, каде имаше 11 заразени здравствени работници, сега веќе се распоредени други двајца доктори, едниот од Скопје, а другиот од Штип и тие ја организираат работата.
-Апелирам до колегите максимално почитување на протоколите, да се штитат на работните места, но и надвор од нив. Треба да внимаваат постојано, бидејќи улогата на здравствените работници е од примарно значење во овој момент во земјава. Здравјето на нацијата и многу животи зависат од нив, рече Филипче.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.