Засега нема контра мерки за Косово
Објавено во: Агробизнис 26 Јули, 2018 14:24
Македонија засега нема да му враќа на Косово со контра мерки, а се очекува целосно повлекување на зголемените царини.
Ова е најновата информација од МЗШВ во однос на воведените зголемени царини од косовската влада за македонски земјоделски производи.
„Разговорите кои Владата на Република Македонија и надлежните министерства ги водеа со Косово во изминатиот период вродија со плод. Приштина, веќе ја повлече зголемената царина за дел од производите“, соопштија од надлежното министерство
Утре, министерот за економија Крешник Бектеши, ќе се сретне со неговите колеги во Косово каде ќе се бара решение и надминување на проблемот.
„Сите досегашни преговори, ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки“, стои во соопштението на министерството.
По утрешниот состанок се најавуваатмногу повеќе
детали за наредните чекори а приоритетна цел на министерството за земјоделство
во моментов е утврдување на начин како да ги заштитиме земјоделците, информираат од министерството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





