ЗАСТАРЕНА ПРАКТИКА: Шпанија бара од ЕУ трајно да го прекине менувањето на часовникот
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2025 06:00
Шпанската влада објави дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го прекине менувањето на часовникот, наведувајќи дека тоа е „застарена практика“.
Според шпанските медиуми, Мадрид проценил дека менувањето на часовниците повеќе не придонесува за заштеда на енергија. Исто така, велат тие, предизвикува негативни здравствени последици.
Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно истакна дека „менувањето на часовниците двапати годишно повеќе нема смисла“. Затоа, вели тој, Шпанија ќе предложи да се прекине практиката бидејќи мнозинството Европејци се против менувањето на часовниците.
Нема консензус
Тој, исто така, потсети дека пред шест години, ЕУ гласаше за прекинување на практиката двапати годишно во сите земји-членки. Во тоа време, беше нагласено дека одлуката е донесена по јавна консултација во која учествувале 4,6 милиони луѓе, од кои 84 проценти гласале за прекинување на практиката.
Европскиот парламент, исто така, ја поддржа таквата одлука во 2019 година, со 63 проценти од гласовите.
Конечна одлука за ова прашање не е донесена поради недостаток на консензус меѓу земјите-членки. За нејзино усвојување е потребно квалификувано мнозинство во Европскиот совет.
Бонитет* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





