24 Ноември, 2024
0.0275

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

Објавено во: Економија 17 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Намалување на економскиот раст во тековната 2024 година, од планираниот 3,4 отсто на 2,1 процнет, но и прераспределба на неискористените средства. Доспеани, но неисплатени обврски, кредитни обврски кон меѓународни институции кои се неисплатени, штети за судски решенија и многу други проблеми посочи новата министерка за финансии, Гордна Димитриеска Кочоска на денешната пресконференција.

- Прв пат се обраќам до вас како министер за финансии, и тоа за најважниот документ на оваа инситуција.

Најпрво сакам да информирам дека лошата ситуација и лошото менаџирање со државните пари ги надмина нашите очекувања. Во овој период додека се подготвуваше ребалансот, отворив многу прашања и добивав многу непријатни изненадувања.

Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните, така и ќе биде. Пред да ги посочам најважните работи, ќе кажам дека затекнуваме состојба која значи држава во хаос, буџет кој е список на желби, место креиран развој, предименизонирани плаќања, економијата е во клиничка смрт - кажа Кочоска и упати благодарнсот до колегите кои макотрпно работеле ден и ноќ, за да ги имаат сите пдатоци.

Таа посочи дека растот на домашниот БДП е ревидиран надолу на 2,1 процент од првично планираните 3,4 отсто раст.

Остварувањата од првиот квартал, и одредени индикации за втор квартал, покажуваат дека проектираниот БДП е неостварлив. Инфлацијата е проектирана на 3,5 проценти, додека растот на нето платата е на 13 процнети.

Во првиот квартал економската активност имаше раст од 1,2 проценти, со што продолжи од претходни кватали со низок просечен раст.  Индустирскиот сектор има пад од 1,2 проценти, градежната активност пад од 2,5 отсто. Земјодскиот сектор има двоцифрен пад од 19,7 проценти, по пад од 15,3 претходниот квартал. Нето извозот има негативен придонес врз економскиот раст во првиот квартал од 2024 година. Извозот на стоки има пад од 21,6 проценти во мај. По слабото движење во 2023 година, и првиот квартал од 2024 година, што беше причина за ревидирање на 2,1 процент - нагласи Кочоска. 

Таа дополни дека растот би требало да го движи домашната побарувачка, а нетоизвозот ќе има негативен придонес врз растот. Во текот на втората половина се очекува забавување на инфлациајта, стабилизација на цените на храната и енергенсите.

Кочоска укажа дека вкупно 4,1 милијарда денари за плати и 5 милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот. Потоа посочи дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

Првично проектраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти.

Според министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни.

- При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари - истакна Димитриеска Кочоска.

Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра.

Кочоска потенцираше дека секоја институција треба да знае дека за средствата кои им стојат на сметките се земаат кредити за кои се плаќа годишна камата. Истакна дека треба секоја институција да ги провери своите сметки, и да ги користи средствата според потребите, за да се намали теретот врз буџетот.

Истакна исто така дека се одредени неколку насоки за буџетските корисници, но и посочи дека според сегашните информации буџетот е оштетен за високи 32 милијарди. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА