ЗАТВОРААТ ГРАДОВИ: Eдна од балканските земји го враќа карантинот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Октомври, 2020
Во Словенија се враќа карантинот.
Владата ја соопшти оваа одлука.
Од утре во седум од 12-те региони во Словенија ќе се воведе карантин, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Од полноќ, влегува во сила декретот за забрана за собирање на повеќе од 10 лица на јавни или приватни места во централна Словенија, Горењска, Корошка, Засавје, Посавје, Савињска и југоисточниот дел на Словенија.
Ваквата мерка беше воведена во овие региони затоа што во изминатите две недели, просечно 140 жители на 100 илјади се заразувале со вирусот.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс на прес-конференција изјави дека жителите на овие региони нема да смеат да го напуштаат регионот или да влегуваат во други за време на карантин.
Ќе има исклучоци за одење на работа или поради бизнис, одење на лекар или аптека. давање помош на роднини.
Хојс додаде дека ќе бидат дозволени посети на гробишта и погреби, а ќе биде дозволен и транзит низ регионите.
В тие региони е задолжително да се носат маски надвор, не само во затворен простор, освен за деца до шест години.
Во регионите опфатени со карантин, има 117 од 212 општини, како и градови како што се Љубљана, Крањ и Целје, а Марибор и Копер не се опфатени со одлуката.
Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 745 нови случаи со зараза од корона вирус, а почина уште еден пациент.
Ширум Европа се враќаат рестрикциите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.