Добивај вести на Viber
Поради изведување работи за изградба на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица од понеделник до петок времено ќе има целосно запирање на сообраќајот.
Запирањето на сообраќајот, како што информира АМСМ, е со цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи.
Сообраќајот секој ден од понеделник 22 април до петок 26 април ќе биде целосно во прекин во периодите од 9:30 до 10:30 часот, од 11:30 до 12:30, од 13:30 до 14:30 и од 15:30 до 16:30 часот.
Работите за изградба на автопатската делница Демир Капија – Смоквица ги изведува АКТОР А.Д.Т. – подружница Скопје.