Затворена е модуларната болница на Инфективна клиника: Ќе има ли притисок од пациенти кон другите Ковид центри
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2021 20:04
Модуларната болница која беше дел од Клиниката за инфективни болести и која функционира од октомври годинава, веќе стави клуч на врата. Информацијата за Фактор ја потврди и министерот Венко Филипче, кој рече дека одлуката за затворање на болницата е днесена поради тоа што немало пациенти.
Со затворањето на оваа болница која имаше капацитет од 70 кревети, сепак се зголемил притисокот за хоспитализации во другите клиники, а особено во ГОБ 8 септември. Не се знае како ова ќе се одрази на останатите ковид центри.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766, а според Министерството за здравство има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во меѓувреме во повеќе градови во државата се работи на отворање на нови 17 модуларни болници. Не се знае зошто се брзаше со затворање на скопската.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




