Затворени 12 фарми во Србија поради присуство на афлатоксин во млекото
Објавено во: Агробизнис 26 Февруари, 2013 13:23
Министерството за земјоделие на Србија заради присуство на канцерогената материја афлатоксин затвори 12 фарми, а дека во тек се вонредни контроли на фармите по откупните места за сирово млеко, според списоците на добавувачите на млекарите, пренесуваат српските медиуми.
„Со досегашната контрола затворени се 12 фарми од кои се откупува сирово млеко и издадени се решенија на ветеринарниот инспектор на Министерството за земјоделие заради концентрации на афлатоксин поголеми од предвиденото„ се вели во соопштението од српското Министерство за земјоделие. Со правилник од 2011 година се утврдува максимално дозволеното количество на остатоци на средстава за заштита на растенијата во храната и храната за животни.Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Владата на Република Србија ќе и предложи на фармите што се исклучени од откупните линии да им се подели пченка од стоковите резерви и тоа 300 килограми по грло молзна крава, како и соодветно количество зеолити со цел да се подобри квалитетот на сточната храна на нивите, индустријата за млеко да го преземе сето млеко од фармите, без разлика на неговиот квалитет, а тоа млеко што не одговара на пропишаните стандарди да се предаде на третирање во склад со Законот за предвидениот начин на нештетно отстранување.
Со овие мерки на фармерите кои произведуваат здраво млеко, исто така, ќе им се дистрибуира пченка од стоковите резерви, а на фармерите ќе им биде признато правото на премии за предаден литар млеко без разлика дали тоа оди во производство или на третман на нештетно остранување.
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја продолжува натамошната контрола на фармите, фабриките за сточна храна, индустријата за млеко и готови производи, се заклучува во соопштението
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





