Добивај вести на Viber
Поради одржување на Скопскиот Маратон 2013, утре од 07.30 до 14 часот ќе има изменет режим на сообраќај во Скопје, најавија од Градот.
Од 7.30 до 14 часот затворени ќе бидат: ул.„Димитрије Чуповски“, бул.„Илинден“, ул.„Франклин Рузвелт“, ул.„Војвода Васил Чакаларов“(Адолф Циборовски), ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул„11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет ,бул.„3-та Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со ул„Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул.„Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со бул.„Србија“
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од бул.„Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, ул.„Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај бул.„Партизански Одреди“, ул.„Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентски дом Гоце Делчев.
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз.