05 Декември, 2025
0.2581

Завршени обврските за субвенции на лозарите

Објавено во: Агробизнис 16 Февруари, 2015 19:17

Добивај вести на Viber

Државата во целост ги исплати субвенциите на лозарите.

Како што информираат од Министерството за финансии 13.767 лозари денеска добија 396 милиони денари и со тоа се завршени обврските за субвенции по оваа мерка. На лозарите им се исплатени по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади.

Најголема исплата има во Кавадарци со 4.615 корисници на кои им се исплатени субвенции од 161 милион денари. Втор на листата е Неготино со 3.000 корисници на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија каде на 1.034 корисници им се исплатени 24 милиони денари. Субвенции се исплатени и на лозарите од Валандово, Струмица, Штип, Свети Николе, Велес, Радовиш, Штип итн.

Лозарството учествува со околу 20 отсто од земјоделскиот БДП и дава еден од најважните производи во однос на извозната вредност на земјоделските производи во Македонија.

Владата на РМ, како што наведуваат во соопштението од Министерството за финансии, ќе продолжи и во иднина да го поддржува лозарството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?