Заврши четвртиот фестивал на вицот и шегата во Кавадарци
Објавено во: Мои пари 06 Јануари, 2013 10:02
Синоќа во Кавадарци се одржа веќе традиционалниот Фестивал на вицот и шегата насловен „Дедо цепе бурина”.Годинава поради дождот, место на плоштадот покрај големиот коледарски оган, случувањата беа префрлени во фоајето на домот на културата „Иван Мазов Климе“.
Како витез на вицот и шегата, жирито го прогласи Златко Вузевски-Паја, групата на Диме Коцевски, инаку актер во кавадаречкиот театар, доби диплома за прво место и три илјади денари. Второ место и две илјади денари доби Панчо Арсовски. Симеон Минов се пласира на третото место и доби илјада денари. Сите наградени добија коледе.
Фестивал на вицот и шегата во Кавадарци се одржува по четврти пат, со што манифестацијата прераснува во традиција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





