05 Декември, 2025
0.4563

Амандмани еден куп, расправата за Предлог-буџетот продолжува в петок

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2012 12:34

Добивај вести на Viber

Собраниската комисија за финансирање и буџет попладнето ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2013 година. Вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари, а расходите на 165 милијарди и 652 милиони денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од БДП.

Планирано е продолжување на трендот на високо ниво на капитални расходи односно тоа е за околу 10,4 проценти повисоко во однос на оваа година. Предвидено е значително зголемување на здравствените програми, како и петпроцентно зголемување на пензиите и на социјалната помош. Кај капиталните расходи издвоени се средства за реализација на неколку крупни инфраструктурни проекти, а 135 милиони евра од буџетот се предвидени за субвенции за земјоделците.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, предложениот буџет е реален и соодветен одговор на европската и глобалната економија и случувањата во Европа. Во своето образложение пред членовите на Комисијата го оцени буџетот како развоен и соодветен одговор на кризата, со поддршка на економскиот раст и заштита на најранливите категории на населението.

На првиот ден од расправата опозицијата обвини дека станува збор за буџет на немоќ и признание на Владата дека нема визија како да ги реши проблемите на економијата и на граѓаните. Забележа дека најголем дел од расходите одат за непродуктивни трошоци што укажува дека животниот стандард на граѓаните нема да биде подобар. Според пратениците на опозицијата, не се одвојуваат доволно средства ниту за енергетски проекти и за гасификација.

Ставот на парламентарното мнозинство е дека буџетот обезбедува стабилност во социјалните трансфери и оти Владата води стабилни економски политики. Истакнаа дека Македонија е една од земјите кои се најмалку задолжени за што потврда се извештаите на меѓународните агенции за кредитниот рејтинг на државата. Во своите излагања укажаа дека трета година по ред се кратат непродуктивните трошоци, а за сметка на тоа се зголемуваат средствата за капитални инвестиции.

На обвинувањата на опозицијата за задолженоста на државата, вицепремиерот Ставрески рече дека се отплаќаат обврските што претходните влади без разлика дали биле од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ ги земале за доброто на земјата.

- Секој од нас придонел за резултатите што Македонија ги има во однос на задружувањето на ниско ниво на задолженост. Треба да се респектираат и резултатите на претходните влади бидејќи имало ниски нивоа на буџетски дефицит и Македонија во целина во овие 20 години немала проблем со долгот како некои држави. Ние само ја подобривме дополнително состојбата бидејќи го намаливме долгот со предвремената отплата и многу разумно се задолжувавме во овие години на криза, нагласи Ставрески.

Според Демократската партија на Албанците, Предлог-буџетот е неприфатлив и нема да придонесе за економскиот развој на државата. Сметаат дека онака како што е проектиран ќе има негативни последици врз економијата и врз животот на граѓаните. Обвинија дека не се одвојуваат доволно средства за средините каде живее главно албанско население.

Во репликата на ДПА, вицепремиерот Ставрески укажа на неколку примери кои се потврда дека се вложуваат средства во средините каде живее албанско население. Меѓу другото ги посочи дијагностичкиот центар во Тетово, средствата што се одвојуваат за Државниот универзитет во Тетово, како и проектот за енергетска ефикасност во училиштата во општина Чаир.

Расправата по Предлог-буџетот ќе продолжи в петок. На владиниот предлог на буџет се поднесени 1.026 амандмани од кои 528 на СДСМ и 460 на НДП.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември