Заврши првата фаза од големиот еко-проект на Шпаркасе Банка „Рециклирање? – „КАЖИ ДА!“
Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2013 12:53
Во Винарија ‘‘Дудин‘‘ во Неготино, беше одбележан крајот на првата фаза од големиот еко-проект за едукација на децата на возраст од 6 до 14 години за рециклирање, инициран од Шпаркасе Банка и спроведен во соработка со Министерството за образование и наука и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак.
Шпаркасе Банка заедно со партнерите во проектот доделија награди на основните училишта кои собраа најголема количина на отпад за рециклирање како и пофалници за сите училишта учесници.
Наградени се три училишта од следниве скопски општини: општина Карпош, ОУ ‘‘Вера Циривири Трена‘‘, општина Кисела Вода, ОУ ‘‘Круме Кепески и ОУ ‘‘Крум Тошев‘‘ од општина Гази Баба.
На настанот присуствуваа претставници од 34 училишта, претстваници од Шпаркасе Банка и Пакомак, и претставници од општините кои беа вклучени во првата фаза на овој проект.
„Проектот Рециклирање? – „КАЖИ ДА!‘‘ со кој Шпаркасе Банка повикува ‘‘За околината вреди да се штеди‘‘ е долгорочен проект чијашто прва фаза заврши. Многу ни е драго што учениците го прифатија нашиот проект и активно учествуваа. Нивниот труд е награден. Во втората фаза ‘‘Најактивно еко училиште‘‘ ќе бидат вклучени и училишта низ Македонија од општинитеод Охрид, Битола, Штип и Струмица со што очекуваме уште поголема масовност на нашиот проект за едукација на децата за потребата за чиста и здрава животна средина‘‘, изјави Кристина Депо, Директор за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка Македонија.
Целта на проектот е едуцирање на децата за потребата и придобивките од собирањето отпад и неговото рециклирање, нивно мотивирање за што помасовно вклучување како и обезбедување на средства за понатамошни еколошки активности во училиштата.
Проектот промовира индивидуална и заедничка одговорност за намалување на отпадот и ја зголемува свесноста за важноста од здрава и чиста животна средина. Во текот на проектот, учениците собираат отпад од пакување, хартија и пластика. На крајот на секоја фаза, Шпаркасе Банка ги наградува училиштата кои собрале најмногу отпад.
Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата стратешка определба да бида активен учесник во развојот и унапредувањето на различни сегменти на општеството. Годинава планирани се повеќе општествено одговорни проекти во различни области и во соработка со повеќе институции, невладини организации и партнери, меѓу кои се и оние за развој на најмладите, екологијата, образованието, но и спортот, културата, филмската уметност и др.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





