04 Мај, 2024
0.0241

Завршува гроздоберот во Тиквешијата

Објавено во: Агробизнис 12 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Речици целосно е завршен гроздоберот годинава во земјава. Како што денеска информираше претседателот на регионалниот Сојуз на лозари- Агротиквешија од Кавадарци, Љупчо Аризанов треба да се добере уште грозјето во повисоките делови на Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија. Вели дека 99% гроздоберот е завршен, а во ниските делови скоро и да нема грозје за берење. „Во повисоките места грозјето подоцна стасува за берба и поради фактот што таму тоа подоцна созрева и подоцна ја достигнува потребната шеќерност“, појазнува Аризанов. За бербата оваа година тој вели дека е задоволителна, а гроздоберската сезона ја оценува како добра. „Некои посебни проблеми нема, договорените цени главно се почитуваат. Конкуренцијата си го направи своето па грозјето беше барано, иако вистинските ефекти од изградбата на три нови винарии во Тиквешијата и зголемување на конкуренцијата ќе бидат уште повидливи догодина“, нагласи Аризанов. Како што на почетокот на гроздоберската сезона истакна министерот земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, годинава смедеревката е многу барана. Тој тврдеше дека се почитува договорената основна цена од 11 денари за килограм, а согласно на шеќерните единици цената може да биоде и повисока. Ако ланските години винарските визби имаа залихи, годинава и целото вино е извезено, забележа министерот.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?