Завршува откупот на тутун во Битолско и Делчевско
Објавено во: Агробизнис 17 Јануари, 2013
Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија, како и во Делчево и Македонска Каменицасе се одвива според предвидената динамика и без проблеми.
Во Пелагонија се очекува за неколку денови откупот на тутунот да биде целоцно завршен, тутунот е квалитетен тутун и според првичните информации овде ќе бидат откупени повеќе од 2.000 тони, посочуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.
Пелагониските земјоделци веќе се подготвуваат за новата реколта во 2013 година, а според најавите во битолскиот дел на Пелагонија ќе бидат евидентирани околу 2.600 тутунопроизводители
Во Делчево и Македонска Каменица иако крајниот рок за преземање трае до 15 март, откупот е скоро завршен, а за разлика од 2011 година, годинава има поквалитетен тутун кој постигната повисока откупна цена од 185 денари за килограм. Најголем број тутунопроизводители од Делчевско имаат склучено договори со комбинатот „Далија табак“ кој ја реализира исплатата еден ден по предавањето на тутунот во откупниот центар.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.