18 Декември, 2025
0.0598

Жбогар од Гевгелија - Евзони наскоро да биде одблокиран

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2017 14:46

Добивај вести на Viber

Евроамбасадорот Жбогар од Гевгелија посочи дека мора да се најде решение за блокадата на Евзони поради протестите на грчките земјоделци и дека Европската унија е подготвена да придонесе за изнаоѓање на трајно решение.

Тој за овој проблем денеска при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо испрати барање за посредување и помош од ЕУ за деблокирање на границата,  затоа што, како што посочил, огромни се штетите што ги трпат и двете страни, а посебно Македонија и Гевгелија.

- Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем  со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека добра кои се со ограничен рок на траење ќе бидат дозволено да се пренесат преку овој гранчен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за трајно решавање на овој проблем, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Гевгелија.

Запрашан за почитичката ситуација во земјата, евроамбасадорот само кратко одговори дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето