26 Јуни, 2024
0.0275

ЗБОГУМ НИКОЛА, ЧАО ИНСПЕКТОРЕ: Сардисани градоначалници на ДУИ!

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Инспекциски контроли ги тресат општините Гостивар и Тетово, каде градоначалници се Невзад Бејта и Тетута Арифи. Токму Бејта и Арифи пак се најгласните противници за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.  Откако во неделата ДУИ, не донессе одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ,  а со тоа пропадна обидот за составување на влада, веќе следниот ден, трудова инспекција ја посетила општина Тетово , која била во контрола на општинските простории за да види дали во просотриите се пуши. Од општината во кусо соопштение посочија дека инспекциите се секогаш добредојдени, и дека администрацијата како и дооосега така и отсега е посветана на граѓаните, и секако ги почитува законите.

Инспекции имало и во општина Чаир, чиј што градоначалник Изет Меџити, исто така е против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Само неколку дена претходно, финансова полиција беше во општина Гостивар. Од финансовата полиција негираа дека случајкот има полиитчка позадина, туку дека постапуваат по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал, но и дека во интерес на предистражната постапка нема да соопштат детали за новнито присуство во општина Гостивар.

Сепак, градоначалникот  Невзад Бејта, јавно прстот го впери кон ВМРО-ДПМНЕ,  посочувајќи дека тоа е затоа што гласно каал оти ДУИ не треба да коалицира во ВМРО-ДПМНЕ. Бејта дополнително порача и дека вистинскиот криминал е во владата  и таму треба да се бара а не во општина Гостивар.

Инаку, финансовата полиција во Гостивар истражуваше случај поврзан со изгрдба на пат помеѓу селата Тумчовиште и Чегране, кој чинел 80 илјади евра, а Бејта го пушти во уотреба заедно со Груевски.

Токму оваа тројка, Бејта, Арифи и Меџити, во неделата вечер го напуштија состанокот во ДУИ во Мала Речица, а подоцна возилото на Бејта беше видено во седиштето на СДСМ. Али Ахмети, пак само кусо изјави дека тој е претседател на партијата и знае кого и каде праќа и какви задачи дава.

Иако, се погласно се шпекулираше дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се изјаснат дека постигнале договор, сепак, доцна вечерта на поливина час прред истекот на рокот за составување на влада, од ДУИ соопштија дека неможе да донесат одлука и дека им треба дополнително време за анализа. Иако, во јавноста е очиглледен фактот дека во партијата на Ахмети има две крила, едно кое пристиска да се оди во ВМРО-ДПМНЕ а друго кое остро се спротивставува , како што се Арифи, Меџити и Бејта, сепак од ДУИ негираат дека состанокот во Мала Речица поминал во тензича атмосфера, туку дека се водела конструктивна дебата.

Во истовреме додека ДУИ одлучуваше, Никола Груевски, во партиското седиште ги собра коалиционите партнери, а новинарите го уловија како на прозор ја чека одлуката на Ахмети, додека останатите членови на партијата пристигнуваа во седиштето, дел нервозни, дел пак со убедување дека влада ќе биде формирана.

Сепак, по одлуката на ДУИ дека им треба дополнително време, Груевски вчера мораше да го врати мандатот, а Собранието веќе го извести претседателот Иванов, дека мандатарот Никола Груевски не успеал да состави влада. Сега се чека на Иванов, како ќе постапи, иакок логиката вели дека мадатот сега треба да оди кај Зоран Заев од СДСМ, останува неизвесно дали Иванов ќе го направи тоа, или пак се подготвува некоедруго сценарио.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашната прес кнференција пак му порача на Иванов, да го почитува Уставот и да му го додели мандатот за да формира влада.

Пораки стигнаа и од Брисел, од каде посчија дека Иванов треба што поскорo да го додели мандатот, за составување на поширока влада.  

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ГРАДЕЖЕН ПАЗАР ВО СВЕТОТ: За која земја се работи?

НАЈГОЛЕМ ГРАДЕЖЕН ПАЗАР ВО СВЕТОТ: За која земја се работи?

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Лица се претставувале дека се од Народна банка и барале лични податоци

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Лица се претставувале дека се од Народна банка и барале лични податоци

ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ ТЕСТИРААТ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТА НЕДЕЛА: Има ли позитивни ефекти?

ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ ТЕСТИРААТ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТА НЕДЕЛА: Има ли позитивни ефекти?

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ