06 Мај, 2024
0.0242

ЗБОГУМ ЗА 2017: Богов и Тевдовски ја испраќаат годината со намалени проекции за раст!

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

На различни локации, во ист ден креаторите на економската и монетарната политика соопштија дека ги намалуваат проекците за економскиот раст годинава. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, оваа 2017 ќе заврши со раст на БДП од 1,6 отсто, гувернерот Димитар Богов соопшти дека растот на БДП ќе биде само 0,5 отсто. Претходно и Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираа проекцијата на 1,5% односно 1,6%. Според дел од економистите јасно е дека оваа година, која веќе е на истек, заврши обоена со политичка неизвесност, но сега најважно е дали е проектиран Буџет врз основа на реални очекувања.

За 2018 година – клучни приватните и јавните инвестиции...

Со значајно намалување на стапката на економски раст, Народната банка објави дека наместо 2,5 %, економијата годинава ќе испорача раст од само 0,5%. Годинава, според новите ревидирани макроекономски показатели на НБМ, има намалување на бруто инвестициите од -5,4%, и токму овој пад е една од причините за намалување на стапката на БДП.

За 2017 година е направена значајна надолна ревизија на очекуваната стапка на раст од 2,5% на 0,5%, додека стапката за 2018 година е задржана непроменета (3,2%). Натамошно умерено забрзување на растот се очекува во 2019 година.Надолната корекција на очекуваниот економски раст за 2017 година е одраз на остварувањата во првата половина од годината, кога економската активност забележа пад, наспроти очекуваниот раст во априлската проекција. Ова отстапување во најголем дел е последица на помалата инвестициска побарувачка, но и на поизразените увозни притисоци“ - соопштуваат од НБМ со појанување дека ваквото поместување е привремено, при што веќе во втората половина од годината, согласно со постепеното исцрпување на неизвесноста од домашните политички случувања, враќањето на довербата на инвеститорите и подобрените очекувања на економските субјекти, се очекува раст на БДП.

Во оваа 2017 според оценките на Народната банка, ќе заврши со раст на извозот од 8,1% и раст на увозот од 5,4%. Личната потрошувачка ќе испорача пораст од 2,9% додека кај јавната потрошувачка има негативен предзнак -0,6%.

Догодина, според гувернерот Димитар Богов, се очекува раст на инвестициите поддржан и странските и од јавните инвестции, заедно со подобрување на амбиентот за домашните инвеститори.

На среден рок се очекува најголем придонес за растот да има домашната побарувачка, со исклучок на оваа година, кога најголем придонес има извозот“, рече Богов.

Повисок економски раст – кој и како ќе го испорача ?

Растот на реалниот БДП во 2018 година е прокетиран на 3,2%“ – соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, обелоденувајќи детали од Предлог-буџетот за 2018та.

Оваа стапка на економски раст, според креаторот и предлагачот на Буџетот ќе биде одраз на континуираната солидна лична потрошувачка, забрзувањето на инвестициите како и повисоката извозна активност.

Дел од економистите оценуваат дека бизнисот, граѓаните и воопшто јавноста треба да добијат објективни буџетски проекции и одговор на парашањето како и со кои пари ќе се алиментира минусот во државната каса кој недостасува.

“И со новиот Буџет е планирано да се издаде Еврообрзница. Задолжувањата на меѓународниот и на домашниот пазар не се спорни, н мора да се знае кога се земаат пари на заем како ќе се враќаат, значи повтрно зборуваме за прашањето за одржливост на јавниот долг. Во делот на приходите и расходите на Буџетот потребни се реални проценки, базирани на анализа“ – вели економскиот консултант Горан Рафајловски

Еден од клучните адути на Владта, за развојната компонента на Буџетот, се капиталните расходи – пресудни за покренување на инвестициската активност.

“Капитални расходи се планирани во износ од 24,7 милијарди денари, односно раст од 1,3 милијарди денари од 2017 година (раст од 5,7%). Во овие рамки планирано е интензивирање на сите активности на патната и железничката инфраструктура, комунална и енергетска инфраструктура, инвестиции во здравство, образование и детска заштита, а особено се зголемени средствата за одбрана и гасификација“ – вели министерот Тевдовски.

Така, за патна и железничка инфраструктура планирани се 3,5 милијарди денарии, пари кои ќе се трошат за завршување на патна делница Д. Капија – Смоквица , за реконструкција на железничка инфраструктура од Коридор Х , за интензивирање на изградбата на железничката пруга од Коридор VIII, потоа доизградба на железничка пруга Битола-Кременица како и изградба на патна секција Градско-Дреново. Како дел од капиталните расходи ќе бидат и 5,9 милијарди денарии, наменети за национален гасоводен систем, водоводи и канализации во многу населени места, пречистителни станици и за рамномерен регионален развој.

Под претпоставка за целосно стабилизиран домашен амбиент и поповолна патека на надворешните фактори, во наредните две години се очекува забрзување на растот, при што и понатаму се очекува домашната економија да расте побрзо од економијата на трговските партнери. Главни фактори за растот, како и во претходниот циклус проекции, остануваат активноста на новите странски капацитети ориентирани кон извозот, јавните инвестиции во патната инфраструктура, чијашто динамика би требало да забрза, по забавувањето во 2017 година, како и стабилните очекувања на домаќинствата. Имајќи го предвид ова, и структурата на растот останува слична на очекуваната во априлскиот циклус проекции. Од индивидуалните расходни компоненти на БДП, се очекува извозот на стоки и услуги да има највисок позитивен придонес кон растот во 2018 и 2019 година, а ваквите оцени се засновани врз очекувањата за растечка активност на новите странски капацитети, понатамошно подобрување на глобалниот амбиент и закрепнување на дел од традиционалните извозни сектори. Покрај извозот, растот во следните две години ќе биде поддржан и преку инвестициската активност, во услови на стабилен амбиент и продолжено позитивно делување на основните фактори на инвестициската активност, односно раст на странските инвестиции и продолжувањето на циклусот на јавните капитални инвестиции. Се очекува поволниот економски амбиент да поттикне натамошен раст на личната потрошувачка, преку зголемување на платите и вработеноста во приватниот сектор, а дополнително влијание се очекува и од кредитната поддршка од банките. Се очекува растот на компонентите на домашната побарувачка и извозот да доведат и до повисок увоз, но се оценува дека зголемувањето на увозот ќе биде во склад со фундаментите и нема да доведе до нарушување на надворешната рамнотежа.

Д.А

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст