05 Декември, 2025
0.3546

ЗДРАВЈЕ РАДОВО: Емоција во бизнисот!

Објавено во: Агробизнис 05 Јануари, 2015 08:23

Добивај вести на Viber

[box type="success" ]Бизнис лидери: Здравје Радово[/box] Годината што измина и покрај ризиците што доаѓаа од Европа и Русија,  за млекарата “Здравје Радово” не беа пречка за реализација на зацртаните проекти. Старата година компанијата ја завршува со зголемено производство и откуп на млеко, и нова палета со неколку производи. - Во европски и светски рамки се случи руско-европскиот спор,  ембарго, вишок на производи во Европската Унија, што доведе до намалување на цени. На домашен терен,  ние како сериозен и најголем откупувач на сирово млеко во земјава, со години градиме партнерски однос со фармерите, а  нашето мото е врвен квалитет на производите, што  може да се постигне само со квалитетна суровина. Секоја година си поставуваме цели кои се повисоки од претходната. Така и оваа и измината година нашите планови беа во повеќе насоки и истите ги реализиравме и покрај сите турбуленции кои се случуваат на европскиот и регионалниот пазар. Планираниот обем на производство го реализиравме, пред се благодарејќи и на одличната соработка со најголемите фарми кои се наши добавувачи на многу квалитетно млеко. jovan-dabevski1Ние користиме исклучиво македонско млеко со највисок квалитет кое ни овозможува да произведеме производи со врвен квалитет. Ние бевме  и останавме најголем репрезент на млечниот бизнис во регионот. Ориентираноста кон извозот ја продолживме и оваа година. Асортиманот го проширивме и со производите кои годинава ги лансиравме на домашниот пазар и на кои посветивме големо внимание. Би ги издвоил  млечните намази под брендот МАЗА, кои покажаа одлични резултати и се борат рамо до рамо со најпознатите брендови присутни на македонскиот пазар, вели директорот на млекарата “Здравје Радово”, Јован Дабевски. razmazete go semejstvoto zdravje radovoСо речиси 120.000 литри дневен откуп на сирово млеко, “Здравје Радово” е  најголемиот откупувач на млеко во земјава. Млекарницата располага со 4 производствени капацитети,  а соработува и со повеќе од 2.000 фармери, од најголемите фарми како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и други. На домашниот пазар важи закомпанија која постојано инвестира во нови технологии и модернизирање на производството. Почетокот на годинава ја стартуваа со новите „Здравје“ јогурти со 3,2 и 1,5 масленост,за кои има одлични реакции на пазарот.Потоа следуваа намазите МАЗА, разни топени сирења, путери и друго. -Формулата е едноставна - многу труд, љубов, емоција во се и посветеност на сите вработени во нашата компанија. Нормално сето тоа не е едноставно за реализација, но водејќи се од нашата мисија поставена уште на почетокот на формирањето на нашата компанија станавме лидер во млечниот бизнис. Градењето на партнерскиот однос со нашите добавувачи, постојаното вложување во обука на нашите вработени, вложување во нови технологии и најсовремени објекти, внимателна селекција на вработените како и постојана контрола на квалитетот се само дел од постулатите по кои се водиме и кои ја прават оваа наша успешна приказна, вели Дабевски. Поддршка за  едукативни и хуманитарни проекти за здрава храна за децата Како општествено одговорна компанија  пред новогодишните празници, Млекара Здравје Радово активно се вклучи во кампањата за здрава исхрана и здрави навики. По иницијатива на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, “Млекара Здравје Радово” ја поддржа детската едукативна претстава “Распеана турлитава”, која се оддржа на 22 декември во Театар Комедија, а која имаше за цел преку игра и забава да се пренесат пораките за здрави навики и здрав стил на живот кај најмладите, а на претставата присуствуваа децата Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје, Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и штитениците на Дневниот центар за лица со попречености „Детелина“ во Чашка, Домот за деца „25 Мај“ од Скопје, Дневен центар за деца кои не одат на училиште при Детската амбасада „Меѓаши“ и на членови на креативните студија „Ѕвезда“, „Детски свет“ и „Спирит“. Во оваа акција Млекара Здравје Радово уште еднаш апелираше на здрава исхрана кај најмладите, но и на препораките за внес на квалитетни млечни производи особено кај децата во развој, а во центрите беше донирана храна. И во новата 2015 година компанијата ќе продолжи активно да ги помага ваквите проекти. Инвестициите продолжуваат и во 2015-та година Ризиците од руско-европскиот спор ќе демнат и во годината што е на прагот. Се очекуваат урбуленции и прелевање на кризата во регионот. Од “Здравје Радово” велат дека тоа нема да ги спречи во реализацијата на зацртаните планови за 2015-та година. -Следната година очекуваме турбуленции, продолжување на кризата во ЕУ и прелевање на истата во регионот. Но ние сепак имаме свој план и насока за реализација проектите– пораст на домашната суровина, зголемување на производството и зголемен извоз, не само на постоечките пазари, туку и планираме и освојување на нови странски пазари, вели Дабевски. Zdravje-Radovo_647Како потврда за успехот и позицијата на пазарот, по втор пат и оваа година млекарата “Здравје Радово” ја доби престижната мешународна награда “Супербрендс”. Ова признание компанијата го доби за јакнење на својот бренд на територијата на Република Македонија за 2011, 2012, 2013 и 2014 година и и во бизнисот со млеко е единствената млекара со ова признание. Наградата “Супербрендс на Македонија”, доаѓа веднаш по интернационалната награда “Quadal” за врвни квалитетни кашкавали. -Бидејќи  сме апсолутен лидер во продажбата на бели сирења и кашкавали, за што потврда се годинешните награди “QUADAL”, како наградата “СУПЕРБРЕНДС” на Република Македонија, нормално дека и во новата економска година ќе се стремиме за зајакнување на веќе постигнатите позиции. Во делот на киселомлечната програма имаме постојан пораст благодарејќи на врвниот квалитет, така што и тука очекуваме одлични резултати. Во 2014 година инвестиравме во своја фарма за високомлечна сорта на овци која е и демонстративен центар во кои сите заентересирани можат да го видат начинот на кој работи една високософистицирана фарма. Планираме да направиме нови производи од овчо млеко кои ќе бидат достапни на нашата трпеза за кратко време. Вториот момент во кој планираме проширување е екстензија на млечните намази и лансирање на уште два -три производи специфични за конзумирање. Како најважна ставка во која што  ќе инвестираме следната година, е цела нова програма посветена на здравиот модерен и динамичен начин на живот, вели Дабевски. Млекарата  “ЗдравјеРадово”, на пaзарот нуди околу  65 различни производи, а над 20% од произвоството е наменето за извоз. Од компанијата велат дека и во годината што следува ќе останат доследни во гарантирањето на врвниот квалитет на своите млечни производи и  производството по стандардите на Европската унија. Ј.С [box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?