06 Декември, 2025
0.2893

Здравје Радово: Произведени рекордни 1.500.000 производи само во првите 5 месеци

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2013 13:22

Добивај вести на Viber

Домашната реномирана млечна индсутрија Здравје Радово деновиве оствари мал јубилеј. Имено во првите 5 месеци од оваа година произведени се над 1.500.000 производи од веќе познатото Кисело Млеко, надминувајќи ги резултатите во 11 години наназад во истиот период. Овој успех е резултат на довербата на потрошувачите и кооперантите, како и на фактот дека Млекара Здравје Радово во првите месеци од 2013 година бележи раст на производстото од 30%. Киселото млеко на Здравје Радово претставува спој на современа технологија и високо квалитетно домашно млеко кое е произведено по традиционални методи од нашите баби. Кисело млечен производ кој е богат со калциум, минерали и витамини, што овозможува да биде производ со висока енергетска и нутриционистичка вредност , особено погоден за најмладите за нивен правилен раст и развој . Се препорачува како додаток на секоја исхрана, за сите возрасти, како производ кој благотворно делува на дигестивниот тракт и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Нутриционистите и докторите го препорачуваат особено во летниот период како диететски производ кој ефикасно се грижи за здравјето. Горди сме што токму Киселото Млеко од Здравје Радово го преферираат потрошувачите. Тоа е еден од нашите најконзистентни производи, кој како дел од нашата кисело млечна програма се трудиме континуирано да одржуваме висок квалитет и постојаност. Целосно автоматизираниот процес на производствоповеќефазните контроли како и  ефективно имплементираните НАССР стандарди, како и нашата долгорочна определба да создаваме квалитетни и безбедни производи, се гаранција потрошувачите да ни веруваат, изјави првиот човек на млекарницата г.Јован Дабевски. Во моментов производното портфолио на Здравје Радово го сочинуваат 40 млечни и киселомлечни производи, кои се пласираат на домашниот и регионалниот пазар, а над 25% од вкупното производство се извезува. Наскоро на пазарот ќебидат дистрибуирани шест нови производи - намази, путери и за прв пат чоколаден намаз . Млекарницата Здравје Радово поседува четири производни капацитети, два во Струмица, еден во Куманово и еден во Скопје и голем дистрибутивен центар во главниот град, како и во Куманово, Струмица и Битола, соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и др.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј