27 Ноември, 2024
0.0333

Здравје Радово за 30% го зголеми откупот на млеко!

Објавено во: Агробизнис 22 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Како резултат на својата развојна политика, воспоставените партнерски односи со фармерите, како и на вистинските деловни одлуки на  менаџментот на компанијта, Здравје Радово во првиот квартал од 2013 година, оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијата. Од Здравје објаснуваат дека растот се должи на 10 годишната традиција на Здравје Радово, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактрофризери и јуници, и пред се во развој на своите брендови кои континуирано го подобруваат својот квалитет. Со откуп од близу 100 000 литри млеко месечно млекопреработувачката индустрија Здравје Радово е најголемиот откупувач и преработувач на млеко во Македонија. Се откупуваат сите расположливи количини на млеко од своите кооперанти кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди. Во моментов Здравје Радово соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗИК Струмива и други, а е и најголемиот извозник на млеко и млечни производи во регионот. Во своите идни планови Здравје Радово планира да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите, како и во зголемување на извозот, од што ефект би имале сите: фармерите би добиле сигурност за пласман на млекото, потрошувачите квалитетен производ, а македонската економија фактор на стабилност и раст.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.