16 Јануари, 2025
0.0265

Здравствените инспектори во ненајавена контрола на вработените, без Тодоров!

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Инспекторите, овојпат без министерот за здравство, Никола Тодооров, во петокот ненајавено проверувале колку го почитуваат работно време вработените во повеќе јавни здравствени установи во Скопје. Така, информираше иректорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Џевџес Шаќири, имало затечено повеќе неправилности. Непочитување на работно време од страна на вработените имало на Клиниката за дерматологија, Клиниката за ревматологија и Клиника за гастроентерохепатологија. Во останатите Клиники (ОРЛ, Стоматологија, Неврологија, Очно, Ендокринологија и ГОБ „8-ми Септември“), посочи Шакири,  нема неправилности во однос на работно време и вработените. Во Клиниката за дерматологија недостигале двајца вработени, шалтерски службеник и транспортер, додека на гастроентерохепатологија констатирано е отуство на вработен во одделот за финансии, одговорен за електронската листа за редовност. Затоа сите вработени морало да се потпишат сами на списокот на инспекторите. На Клиниката за ревматологија пак за време на инспекцијата ги немало доставувачот, секретарот и сметководителот. Во вонреден инспекциски надзор извршен во четвртокот приквечер, во ГОБ 8-ми Септември во моментот на инспекцискиот надзор немало констатирано неправилности, а како што најави Шаќири инспекциите продолжуваат со засилен интензитет . „За сите констатирани непочитувања на работното време од страна на ДСЗИ ќе бидат известени директорите на здравствените установи, додека за непочитување на работното време од страна на директорите ќе биде известен кабинетот на Министерот за здравство“, рече Шаќири. Претходно во повеќе наврати вакви ненајавени инспекции за јавните установи правеше самиот министер Никола Тодоров. За нив, иако не знаеја здравствените работници, сепак претходно беа информирани медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето