Добивај вести на Viber
Министерството за здравство преку соопштение застана во одбрана на проф. д-р Звонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести и на директорката на Центарот за јавно здравје – Велес д-р Флорентина Ристовска Шурбевска, кои компанијата „Екстра Меин“ ги обвини за манипулација со резултатите од испитувањата за присуство на бактеријата листерија.
„Споменатите лица ги претставуваат институциите кои ги раководат и истапуваат во јавноста врз основа на извршени лабораториски испитувања“, се вели во реакцијата на ресорното министерство.
Од таму потенцираат дека објавените случаи на детектирана листерија се детектирани и потврдени од повеќе акредитирани лаборатории.
„Пуштањето во промет штетни прехранбени продукти или пијалаци, средства за лична хигиена, нега или други штетни продукти, со што се предизвикува опасност за животот или здравјето на луѓето, претставува кривично дело по чл.213 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор до три години, а доколку поради стореното дело настапила смрт на едно или повеќе лица, истото претставува квалификуван облик на делото и сторителот се казнува со затворска казна од најмалку четири години“, потсетуваат од Министерството за здравство.
Од фабриката денеска ги посочија двајцата доктори како одговорни за манипулации со информациите за листеријата и побараа од нив да не го дезинформираат министерот за здравство Никола Тодоров.
И „Екстра Меин“ бара да се најде одговорниот за листерија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: