05 Декември, 2025
0.1939

Здравството збогатено со ново возило – мобилна гинеколошка амбуланта

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2013 20:27

Добивај вести на Viber

Македонското здравство се збогати со уште едно возило, мобилна гинеколошка амбуланта за сексуално и репродуктивно здравје која беше промовиранаа во кругот на Министерството за здравство.

Идејата е ова возило во кое има гинеколошки стол, Ехо апарат, клима уред, агрегат за електрично напојување треба да помогне за преглед на жените во тешко достапните  рурални места. Во неа ќе се прави  ПАП тест, основен гинеколошки основен преглед, ехо, а ќе се делат и совети за сексуално преносливи инфекции и бесплатна контрацепција.

Според министерот за здравство, Никола Тодоров жените од руралните места обично не прават гинеколошки прегледи и потоа доаѓаат директно во терцијарно ниво како многу тешки здравствени случаи, што пак финансиски го оптеретува системот.

„Имајќи ги предвид овие работи се одлучивме за еден ваков проект кој постои и во други земји во Европа. Очекуваме да има интерес и сите жени особено оние во репродуктивен период, да пристапат и на еден добар начин да гледаат на овој проект и да се приклучат кон нашата идеја за подобра и пошироко опфатена превенција. Проектот чини околу 300.000 евра. Набавката на ова возило е околу 40 илјади евра и оди преку грант од Глобалниот фонд кој е обезбеден до невладината организација ХЕРА“, информираше Тодоров.

Според најавите, во првата фаза ќе се реализираат активности во шест општини-Гостивар, Тетово, Куманово, Делчево, Струмица и Охрид, а до крајот на оваа година околу 500 клиентки ќе добијат пакет од гинеколошки услуги и бесплатна контрацепција.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј