Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија повикува на смиреност и следење на информации само од официјални институции
Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2017 09:31
Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија реагира на актуелните недоразбирање поврзани со објавените вести во дел од домашните медиуми во врска со раскинувањето на договорот за взаемно признавање на дипломите со Турција.
Од здружението кое ги обединува во едно сите дипломирани студенти од турските универзитети велат дека се превземени сите неопходни чекори и повикуваат сите затекнати лица од оваа состојба да ги земаат во предвид само информациите дадени од официјални институции.
“Забележавме дека вестите поврзани со укинувањето на билатералната - Спогодба за меѓусебно признавање на свидетелства, дипломи, квалификации, научни степени и звања стекнати во Република Македонија и Република Турција, од страна на Република Турција создаде грижа во образовните кругови и меѓу студентите и родителите. Од моментот кога овие вести беа објавени, Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети ги превзеде неопходните чекори и ги контактираше институциите и во нашата држава и во Република Турција.
За да ги заштитиме нашите дипломци и студенти кои ги продолжуваат нивните студии во Република Турција, оваа тема беше внимателно разгледана со нашите соговорници. Имајќи ги предвид дезинформациите што се присутни во јавноста, сакаме да ја истакнеме важноста да останеме смирени и ве повикуваме да не ги земате предвид објаснувањата, освен оние дадени од страна на официјални институции”, велат Исмаил Алији и Џеладин Џули, Копретседатели на Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети.
Од здружението најавуваат дека како и досега ќе продолжаат посветено да работат на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат дипломците и студентите на турските универзитети.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




