07 Октомври, 2024
0.0265

Здружение за енергетика: Цената на струјата клучен фактор за одржлив развој во енергетскиот сектор

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

За да има инвестиции во енергетиката наместо социјална потребна е реална цена на струјата, велат енергетичарите.

Ова беше главна тема за дискусија на Првата промотивна конференција на тема "Енергетските предизвици во Република Македонија" при Стопанска комора на Македонија која се одржа денеска.

Во самата енергетика пазарните услови диктираат многу работи, ги диктираат цените секако дека тој одржлив развој е невозможен без инвестиции. Без почитување на пазарните услови, на цените и на сите други работи е многу тешко да се плива во овие води. Како илустрација би навел дека самата потрошувачка на електрична енергија,  која лани според извештајот на регулаторната комисија, покажуваше дека онаа најболна категорија на домаќинства е повеќе од 44%, што значи дека голем дел од домаќинствата, а од тие 44% голем дел се трошат за греење. Ние овде ќе разговараме за наоѓање алтернативи, за намалување на овој процент на трошење на електрична енергија во однос на греењето“, изјави Ристо Јаневски, претседател на Здружение за енергетика при СКМ.

До крајот на јули ќе се знае дали ќе имаме нова цена на струјата.

Сите три енергетски компании до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци.

Директорите на државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО, Дејан Бошковски и Синиша Спасов, денеска ги избегнаа новинарските прашања, за тоа што покажале нивните пресметките доставени до Регулаторната комисија за енергетика, а кои се однесуваат за корекција на цената на струјата.

Последната промена на цената на струјата беше лани во јули за 3,5%. Новата цена на струјата, според законските правила регулаторите треба да ја утврдат до крајот на јуни годинава, и да важи од први јули.

Од сегашната цена на струјата што граѓаните ја плаќаат, а која изнесува 5,59 денари за киловат час –  50% се наменети за  ЕЛЕМ, 44% за ЕВН и 6% за МЕПСО.

Според податоците на европската канцеларија за статистика- Евростат, Македонија е меѓу земјите со најниска цена на струјата. Струјата е поевтина само во Косово, а веќе од први август цените на струјата ќе се зголемат за 12 одсто и во соседна Србија, а веќе следниот месец поскапување ја очекува и Бугарија.

Еве какви цени за киловат час има во регионот Македонија         0,0785 евро за киловат час Косово                 0,0552 евро за киловат час Србија                  0,0607 евро за киловат час ( плус 12% поскапување) Албанија              0,1165 евро за киловат час
Здружението за енергетика во иднина ќе се залага да биде партнер во донесувањето на законски решенија како и да биде присутен на седниците на Регулаторна комисија на кои ќе присуствува и дискутира за важни прашања од енергетскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип