ЗДРУЖЕНО ДО ИНВЕСТИЦИИ: Како да се зголеми земјоделското производство?
Објавено во: Агробизнис 18 Декември, 2015 08:12
Токму инвестициите во иновации и знање се иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот[/caption]
-Како организатори сме среќни што овoj настан преминува во традиција. Бројот на присутни ни потврдува дека токму овој настан е корисна платформа на која се споделуваат искуства за она што е модерно и успешно во агро бизнисот преку домашни примери, примери од нашето соседство, па и од странство. Вака се поттикнуваат инвестиции и се делува заеднички за создавање на успешни македонски производи и брендови дома и во странство. Токму инвестициите во иновации и знање се иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот. Ние како специјализирана банка за овој сегмент ќе продолжиме да бидеме активни поддржувачи на македонските агро бизниси, вели Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит.
Пристапот до поволни кредити е важен и за ефективно искористување на парите од европските ИПАРД фондови, кои функционираат по принципот на претфинансирање. За да можат да ја користат оваа поддршка, земјоделците треба да обезбедат пари за целосната инвестиција, кои најчесто ги обезбедуваат преку кредити од комерцијалните банки. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков изјави дека анализите покажале дека има потребата од обезбедување соодветно и поволно покривање на хипотеката за добивање банкарски кредит со оглед дека во руралните средини најголем проблем е да се обезбеди банкарската гаранција.
-Очекуваме дека Земјоделскиот Гарантен фонд, програмите за развој како ИПАРД 1 и ИПАРД 2 и поволностите за здружување во кооперативи ќе значат можност за окрупнување на македонските земјоделци, ќе придонесат за поинтензивна ивестициска активност за модернизација и развој на домашното производство, изјави министерот Цветков.
[caption id="attachment_191985" align="alignright" width="476"]
Јас верувам дека гарантниот механизам ќе го забрза развојот на земјоделството во Македонија и ќе донесе поголем просперитет за македоснките агро бизнисмени.[/caption]
Директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стајн, смета дека гарантниот механизам ќе го забрза развојот на македонското земјоделство и порачува земјоделците и агробизнисмените да се обратат до советниците за клиенти од ПроКредит Банка за финансиска поддршка преку гарантната шема.
-Јас верувам дека гарантниот механизам ќе го забрза развојот на земјоделството во Македонија и ќе донесе поголем просперитет за македоснките агро бизнисмени. Како земјоделците се во можност да инвестираат во нови технологии , нивните приноси и приходи ќе се зголемат. Веруваме во одлични ефекти од оваа рамка, уште повеќе затоа што се реализра преку специјализирана банка како ПроКредит. Ги охрабрувам сите бизнисмени да се обратат до советниците за клиенти од ПроКредит Банка за финансиска поддршка преку гарантната шема, изјави Џејмс Стајн, Директор на Мисијата на УСАИД.
Како до успешен агробизнис?
Агробизнисмените кои ги користат услугите на ПроКредит банка велат дека добиваат комплетна советодавна услуга не само во делот на финансиите, туку и во однос на информации важни за производството.
[caption id="attachment_191909" align="alignright" width="471"]
Ништо не се постигнува ако седиме затворени-патот до успех се светките саеми, светските пракси и градење на меѓународни контакти.[/caption]
-Во ПроКредит најдов повеќе од финансиска услуга. За нас секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучена придобивка за бизнисот. Постојаното следење на трендовите не донесе до нашата иновативна инвестиција- одгледување на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника, кој е еден од клучните фактори за наш успешен пласман на странските пазари. Ништо не се постигнува ако седиме затворени-патот до успех се светките саеми, светските пракси и градење на меѓународни контакти. Намерата што повеќе да се развива добрата земјоделска пракса, да се произведе поквалитетна и здрава храна, да се изгради и зачува довербата на потрошувачите, минимизира заградувањето на околината, редуцира употребата на хемикалии, унапреди ефикасноста на употребата на природните извори претставува постојан предизвик на нашата компанија главен ориентир во неговиот иден развој, изјави Васил Шапкаров, сопственик на Баџо П-Т.
Бизнисмените укажуваат дека клучно за поконкурентни производи е и едукацијата на вработените и примена на странските искуства.
[caption id="attachment_191908" align="alignright" width="452"]
Пред почетокт на производсвото посветивме време на анализи и истражување, иновиравме специјална технологија на производство која користи обновливи извори на енергија и притоа ги направи нашите процеси поефикасни.[/caption]
-Главниот предизвик за развој на органското производство е недостатокот на знаење за технологијата на производство и изнаоѓање на начини кои ќе овозможат конкурентно производство по цени кои се прифатливи за потрошувачите. За жал има голем недостаток на можности за едукација на персоналот и производителите локално. Пред почетокт на производсвото посветивме време на анализи и истражување, иновиравме специјална технологија на производство која користи обновливи извори на енергија и притоа ги направи нашите процеси поефикасни. Jа поздравувам иницијативата на ПроКредит за постојаниот поттик на споделување информации, новости и размена на искуства во агро бизнисот, изјави Аница Андреева, претавник на ЕКО-ГРУП.
Еден од важните услови за настап на странските пазари е и квалитетот на производите и инвестирањето во организирањето за заеднички настап на страснките пазари, смета Виктор Коловски, КОРО КОМПАНИ ДОО.
-Пред се клучен фактор е квалитетот и уште повеќе континуитетот во квалитетот на производите – убавината почнува да се покажува од внатре. Доколку ја имаме на располагање и најквалитетната амбалажа, со најсовремен дизајн – а внатре во пакувањето имаме производ со скромно или ниско ниво на квалитет, можеме да добиеме само краткорочен успех и реализација, која не може да обезбеди континуиран раст и развој на една компанија. Организирањето на земјоделците во поголеми земјоделски стопанства и организирањето на прехранбената индустрија во Македонија за заеднички настап на странски пазари, или пак за реализација на поголеми синергистички проекти, сметам дека е од исклучителна важност во иднина, од причина што на тој начин многу полесно се достигнува нивото на големина потребно за одредени поголеми купувачи да бидат заинтересирани за преговори во однос пред се на количините на производи кои овие облици на здружување би можеле да ги понудат, вели Коловски.
Преку земјоделски коопративи до полесен пристап на странските пазари
Освен поволните кредити, уште еден сегмент е важен за полесен пристап до страснките пазари и поконкурентни производи, а тоа е здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги. Во Македонија имаше неколку обиди за формирање на земјоделски задруги, но малку од нив функционираат. И во годинешната Програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, се предвидени пари за формирање на земјоделски задруги. Странските искуства покажуваат дека здружено полесно се прават инвестиции, а кооперациите се клучна предност за поголема конкурентност.
[caption id="attachment_191987" align="alignright" width="465"]
Моето лично искуство со нашата задруга покажа дека благодарение на задружувањето бевме во можност да реализираме големи инвестиции[/caption]
-Моето лично искуство со нашата задруга покажа дека благодарение на задружувањето бевме во можност да реализраме големи инвестиции-инсталација на голем ладилник за складирање на овошјето и негова продажба надвор од сезоната кога цената е повисока и пласманот подобар, како и купување на машина за сортирање на овошје. Ваквите инвестиции многу потешко се реализираат индивидуално, а дополнително сите придобиваме бидејки имаме поповолни цени за набавка на репроматеријали и полесно ги следиме законските и пазарните новости, изјави Маријан Давчиќ, претставник од најголемата задруга во Србија, Вочко.
Бизнисмените на Агро-Бизнис Форумот организиран од ПроКредит банка, посочија дека недостасуваат форми и начини на вмрежување, пристап до информации за нови технологии и форми на производство, како и практични искуства од кои може побрзо да се имплементираат иновации, а токму форумите од ваков тип се одлична можност остварување на контакти и размена на искуства.
Награди за иновативни практики спроведени во македонски агро-бизниси
[caption id="attachment_191910" align="alignright" width="468"]
Од ПроКредит банка, соопштија дека на наградените претприемачи ќе им овозможат деловно патување во странство за посета на модерен агро бизнис од нивната бранша[/caption]
На овој Агро- бизнис Форум неколку македонски компании беа наградени за спроведени иновативни практики. Компанијата ЕКО ГРУП ДОО доби награда за иновативност во одгледувањето на органско овошје и зеленчук, развој на органски бренд на готов производ и грижа кон животната средина преку своите бизнис пракики. Компанијата БАЏО П-Т ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника и успешен пласман на странски пазари. Компанијата Бониер ДООЕЛ доби награда за користење на иновативна техника за ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделски поседи со авиони кои го прави на сопствените површини со житни култури и лозови насади. Компанијата КОРО КОМПАНИ ДООЕЛ беше наградена како модерен бизнис кој што покажал развој на препознатлив македонски производ-чаеви, зачини и оцети, развој на бренд и извозни стратегии на повеќе од дванаесет странски пазари.
Од ПроКредит банка, соопштија дека на наградените претприемачи ќе им овозможат деловно патување во странство за посета на модерен агро бизнис од нивната бранша каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка.
Р.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





